Секое утро пред да ги испратам моите синови во основно училиште, им ги кажувам истите работи. Им кажувам дека ги сакам, ги потсетувам и ги охрабрувам да бидат љубезни. Потоа велам дека посакувам некој истото да ми го велеше и мене кога бев на нивна возраст: „Дај сè од себе, но запомни дека училиштето не е реалниот живот!“ Сè додека даваат сè од себе и се љубезни, нема да имаат последици дома за нешта кои не се поврзани со нивното однесување, а се случиле во нивното училиште. Тоа го правам намерно.

Да ви дадам еден од милиони примери кои може да ги обезбедам за тоа како мојата анксиозност ми пречеше во детството: Кога бев петто одделение, заборавив да ја пријавам задачата од Библијата – да, Библија (учев во приватно баптистичко училиште). Сепак, додека се сетив, наставникот ми рече дека е предоцна. Не можев да ја предадам задачата, па добив нула поени. Тоа ми ја намали и крајната оценка. Никогаш претходно не сум имала толку ниска оценка. На 10 години веќе бев во улогата за која се чувствував најсоодветно да ја играм. Како дебелко дете, пораката што ја примив од целата планета надвор од дома беше јасна и гласна: Не можам да се потпрам на мојот изглед, па морам да бидам паметна, љубезна и вредна. Моите родители имаа високи образовни очекувања од мене бидејќи јас секогаш бев на врвот од задачата, а тие ми упатуваа пофалби. Не беше нивна вина. Никогаш не се прашував дали мислат дека сум брилијантна и добра – и живеев за нивното одобрување.

Ноќта пред да листата со оценки да стигне дома плачев тивко. Следниот ден колената ми се тресеа на училиште, цел ден бев тажна, а кога влегов во автомобилот на мајка ми по часовите, се скршив. Таа виде дека сум вознемирена. Кога сфати дека мојата хистерија е поради пониска оценка, ѝ олесни, а јас не сносев никакви последици. Само ми рече да се потрудам повеќе следниот пат. И тоа го сторив. Никогаш повеќе не добив тројка.

Мојот најстар син е моја копија. Паметен и природно љубезен. Исто така, тој е и анксиозен и си врши притисок врз себе. Кога го гледам дека се вознемирува за нешто за на училиште, веднаш се потсетувам на моите искуства. Тогаш не знаев дека треба да разговарам со родителите и дека тие ќе ми помогнат. За жал, не можам да се вратам назад, но можам да им помогнам на моите деца, да не страдаат на ист начин, па да ги уверам дека училиштето не е реалниот живот кој потоа ги чека. Тоа, се ,разбира не значи дека училиштето не е важно. Ако за нив некој проблем е реален, тогаш е реален и јас не ги минимизирам нивните искуства. Знаат дека очекувам од нив добро да се однесуваат, да следат насоки, да ги третираат другите ученици љубезно, да дадат сè од себе за извршување на задачите. Но, јасно им давам до знаење дека ако дале сè од себе за одредена задача, нема да ги карам поради исходот. Ако некој се бори со одреден концепт, ќе го решаваме. Среќна сум што можам да им помогнам да учат и да успеваат. Нема да бидам разочарана ако погрешиле во една реченица, или ако едноставно не им оди геометрија. Нема да ги казнам ако не можеле да запомнат некоја битка или година по историја.

Во реалниот свет, не може секој да биде добар во сè. Моите деца треба да ги најдат работите што ги сакаат и да ги следат своите соништа. Училиштето сега е нивна задача, но не е нивниот целокупен живот. Тука се за да се едуцираат, а потоа да си ги реализираат своите идеи во реалниот свет.

На влезната врата од мојот дом пишува: „Вдишете длабоко. Сега сте дома.“

Кога моите деца се враќаат дома од училиште, тоа е првата порака што ја гледаат. Животот надвор од овие ѕидови секогаш ќе биде исполнет со стрес, анксиозност и фрустрација. Да ги правиме работите што мораме не е исто со правење на работите кои сакаме да ги правиме.

Но, кога ќе влезат дома, сакам секогаш да се чувствуваат дека тука можат да дишат. Дека се видени, сакани и не треба да бидат добри во сè. Треба само да бидат среќни, автентични и свои, што и да значи тоа за нив.

Оставете ги училишните грижи на влезната врата!

Автор: Кејти Клојд

Извор



912

X