Студениот период од годината со себе носи разни болести и инфекции. Децата што живеат во колективи се особено подложни на нив. Ова не е неочекувано бидејќи најмалите сѐ уште го градат својот имунитет.

Доколку сакате да се обидете да го зајакнете имунитетот на вашето дете на природен начин, прво почнете од сопствената кујна. Постојат намирници кои се богати со супстанции што ќе му помогнат на детскиот организам да се одбрани од вируси и бактерии.

Слатки компири

Слаткиот компир е богат со влакна, калиум и витамини. Освен што е вкусен, го зајакнува имунитетот.

Урми

Урмите помагаат во стимулирањето на имунолошкиот систем, го намалуваат воспалението и ги регулираат хормоните. Тие содржат фитонутриенти, растителни соединенија кои имаат повеќекратни здравствени придобивки.

Цитруси

Полни со витамин Ц, цитрусите како портокали, лимони, лимета, грејпфрут и мандарини се одлична поддршка на имунолошкиот систем.

Цвекло

Цвеклото е богато со влакна, поради што е одлично за здравјето на дигестивниот систем. Помага во борбата против болестите и го зајакнува имунолошкиот систем.

Репка

Одличен додаток на јадења што го зајакнува имунитетот. Содржи витамин Ц и аскорбинска киселина, која е моќен антиоксиданс кој му помага на телото да се одбрани од туѓи патогени.

Кисела зелка

Нема сомнеж дека многу луѓе едвај ја чекаат зимата поради киселата зелка. Иако не им е омилена на децата, ќе им користи доколку со сармата изедат ситно сечкана кисела зелка. Освен што го зајакнува имунитетот, поволно влијае и врз варењето, срцето и циркулацијата на крвта.

Боровинки, печурки, ѓумбир, пиперки, брокула, лук, спанаќ и киви, исто така, се корисни за зајакнување на имунитетот на возрасните.

Извор



912

X