Сајмон Хупер, чиј прекар на социјалните мрежи е Father of Daughters, стана инстаграм-сензација бидејќи без разубавување, преку духовити фотографии, покажа како изгледа животот на татко со четири ќерки.
Тој има речиси милион следбеници кои ги обожаваат дневните фотоприказни полни со хумор, од кои ги изоставува разубавувањето и демонстрацијата на поимот „совршен родител“. Поминал прилично долг пат од 24-годишник кој немал поим што значи да се биде татко до денес. Реалноста во која секогаш е опкружен со девојките кои ги сака најмногу на светот го научила на важна лекција за татковството, феминизмот и еднаквоста. Сајмон живее со четири ќерки и со својата сопруга.
– Нашата куќа за брзо стана комуна на кукли кои имаат забрана за облекување и ја прифатија својата природна форма. Со други зборови, тоа е пластичен нудистички камп.
Покрај секоја фотографија има и кратка приказна:
За менувањето пелени во јавните тоалети
За одењето в кревет
За отпечатоците од стапалата во путерот
За косата и влакната
За моментите за себе