Постои претпоставка дека жените треба да јадат за двајца додека се бремени, но лекарите велат дека тоа може да доведе до гестациски дијабетес. Дијабетесот е предизвикан од премногу шеќер во крвта и обично се регулира со инсулинска терапија, но луѓето со дијабетес тип 1 не можат да произведат доволно за да ги одржуваат нивоата на шеќер во крвта соодветни.

Во бременоста хормоните може да го направат телото резистентно на инсулин – што значи дека нивоата на шеќер во крвта може да останат високи. Гинекологот д-р Грегори Охихоин од Нигерискиот институт за медицинско истражување изјавил дека жените треба да внимаваат колку храна консумираат во бременоста. Тој објаснува дека за време на бременоста жените ќе имаат потреба за различна храна, а некои ќе имаат навистина зголемен апетит. Докторот вели дека сепак треба да се следи балансирана и здрава исхрана и дека не треба да се мисли оти бремените жени треба да јадат за двајца.

– Некои жени одат во екстреми, па консумираат различни работи јадејќи без контрола. Резултатот е зголемена тежина. Таа група на жени е изложена на поголем ризик од развивање гестациски дијабетес и има поголем ризик од тешко породување – истакнал тој.

Не треба да се јаде за двајца дури и ако трудницата носи повеќе од едно дете (близнаци). Секогаш треба да се јаде здрав појадок, секој ден, бидејќи тоа помага да се избегнат нездрави ужини што содржат масти и шеќери. Јадењето здрава храна значи и менување на количините на различната храна што се консумира, па исхраната да биде разновидна, наместо да се откажувате од сопствените омилени намирници. Д-р Охихоин објаснува дека квалитетот на храната што ја јадете е многу поважен од квантитетот. Според него, треба да се распределат оброците во денот, што дополнително ќе помогне и со справување со мачнина и повраќање во бременоста.

– Протеините се најважни за вашето бебе бидејќи содржат аминокиселини кои помагаат во изградбата на телото. На вашето тело му се потребни 20 различни типа аминокиселини. 12 од нив се произведуваат од телото, а другите 8 се обезбедуваат преку храната што ја јадете – вели тој. Експертите препорачуваат и во текот на бременоста да се избегнува повеќе од 2 порции риба неделно, како лосос, харинга, пастрмка, скуша, бидејќи содржат токсини.

Д-р Џозеф Акинде вели дека жените не треба да јадат многу храна во текот на бременоста. Тој објаснува: „Бременоста доаѓа со повеќе форми на симптоми – некои жени имаат желба и потреба за одреден тип храна, па различно е за сите и не е иста ситуацијата за сите. Некоја жена може да е многу гладна и да јаде многу, а од друга страна, има и жени што не јадат многу“, заклучува тој.

Автор: Тери-Ен Вилијамс

Извор



912

X