Не се нервирам за тоа што можам и сакам да го поправам и не се мешам во она што не можам.

Завршив со обидите да бидам совршена. Со обидите да бидам најдобра. Со обидите да бидам доволно добра.

Не постои такво нешто како „доволно добра“. Не постои. „Доволно добра“ е лага, далга што постојано нè мами и ни бега, како во сон. „Доволно добра“ е вечното незадоволство на нашите родители и воспитувачи, постојаното постоење на некое „но“ или „ако“. Не е ни важно зошто, затоа што јас завршив со тоа.

Завршив со чистење на куќата и подготвување за гостите.

Завршив со замолчување на децата пред соседите.

Завршив со сфаќање на туѓите мислења и филозофии премногу сериозно. Завршив со апсорбирање на секоја статија за родителство. Веќе не ме добиваат на емоции, односно на грижа на совест. Сега знам доволно, доволно сум силна и доволна сум.

А почетокот на родителството е почеток како во детството и пубертетот, кога сме ранливи и сè уште несигурни на туѓите критики, па дури и туѓите начини кои се спротивни на нашите, лесно можат да предизвикаат грижа на совест кај нас.

Вината е корисна емоција. Таа ни вели дека треба да постапиме подобро, да бидеме подобри, дека можеме да бидеме подобри… Сите тие блогови за родителство ме научија да разликувам два извора на вина, кои јас ги нарекувам внатрешни и надворешни, стимулирачки и штетни.

Внатрешна и стимулативна совест е кога, дури и како реакција на некој надворешен поттик, препознавам дека има места и можности за подобрување во некои мои постапки. Потоа, правам план како да ги спроведам овие подобрувања, да си простам, да се насмеам и да заспијам мирно, очекувајќи го новиот ден.

Надворешно или штетно е кога земајќи ги предвид расположливите факти и мојата индивидуална ситуација, решив како ќе постапам во врска со нешто и ќе ја спроведам таа одлука, а некој што за мене претставува авторитет – го оспорува тоа дејство. Разликата помеѓу поттикнувањето и штетното каење ми помага да го применам првото и да го отфрлам второто.

Но, тоа не е сѐ!

Со купениот компас добивате бесплатна процена на вашата самодоверба и сигурност во убедувањето, подготвеност да ги земете предвид, како и можност за испитување на причините за вашите слабости, како почетна точка за развој!

Од силна грижа на совест, извлеков неколку лекции:

Авторитетот не е од Бога даден. Во ред е што некои совети не ми одговараат. За мојот живот и за моите деца, ЈАС СУМ авторитетот. Јас сум мајката. Кога мајката станала толку несигурна, пасивна, од кога мора да слуша ова и она, да ѝ каже соседот или службеничката на шалтер, па дури и педијатарот? Кога бев дете, мајка ми беше алфа и омега, живот и смрт. И сега не се оправдувам, не објаснувам и не се извинувам никому. Јас сум тоа што сум.

Кога си мајка

Не мора никому да одговарам. Јас сум одговорна за моите постапки и мојот начин на живот. А тие обврски се големи и важни. Токму затоа ги прифаќам и одговарам само пред мојата совест, иако, се разбира, разговарам со семејството и пријателите за тоа како сум донела одлука и барам мислење од нив, но не го правам тоа за да се оправдам, за да добијам нивно одобрување и прифаќање.

Не треба да добијам одобрение од општеството. Без разлика дали тоа било одобрение од моите пријатели или мајки од групите на „Фејсбук“. Ако не морам, тогаш не го барам. Се ослободувам од потребата некој да ме прифати таква каква што сум. Важно е да се прифатам себеси.

Не морам ништо да правам. Не морам да служам зеленчук во секој оброк, а мед и овошје за секоја ужина. Не морам да ги носам децата надвор. Не морам. Некои денови, месеци, доволно е само да бидеме тоа што сме, каде што сме. Го правам тоа што ни се прави како семејство и она што е подобро за нас во тој момент.

На здравје.

Извор



912

X