Родителите често го мешаат безопасното засркнување кај бебињата со вистинско задушување. Засркнувањето е природен и заштитен рефлекс кој штити од задушување, а се јавува кај доенчиња, деца, но и возрасни, а со него сигурно барем еднаш ќе се сретнете, тврдат експертите. Може да се јави и порано, на пример, за време на доењето или при никнувањето на забите бидејќи тогаш се произведува повеќе плунка.

Задушувањето изгледа поинаку

За разлика од засркнувањето кога детето се обидува да кашла, односно да го исфрли вишокот храна од устата, при задушување дишните патишта се целосно затворени и бебето не може да дише, поради што е неопходно веднаш да се реагира. Во овој случај детето се преоптоварува, видно се бори да добие воздух, а притоа не испушта никакви звуци. Од друга страна, ако бебето се засркнува, има кашлица, нагон за повраќање, не ја менува бојата на лицето, не е во никаква опасност. Всушност, многу педијатри нагласуваат дека засркнувањето е всушност добар знак бидејќи вака бебето учи да јаде, но и да плука нешто што не сака или едноставно не може да го голтне.

Не е потребна интервенција за засркнување

Рефлексот што доведува до засркнување е всушност природен механизам кој спречува задушување, а педијатрите забележуваат дека е еднакво важен дел од развојот на бебето, исто како и лазењето, вртењето настрана или правењето на првите чекори.
Во моментите на засркнување, исклучително е важно да му дозволите на бебето да одлучи што му треба и никогаш да не ставате прсти во неговата уста за да ја извадите храната. Така можете да ја прекинете природната реакција на телото, да ја турнете храната подлабоко во устата и да предизвикате задушување.

За да се избегне можното задушување при јадење, важно е да се погрижите бебето да јаде во услови кои ја обезбедуваат неговата безбедност. Треба да биде во исправена положба, а не под агол или во полулежечка положба и многу е важно да се внимава при послужувањето на храната.

Што да направите во случај на задушување?

Ако вашето дете почне да се задушува од парче храна, треба да се стави на стомак над колената, така што главата и горниот дел од грбот да му висат надолу. Потоа со дланката удирајте го горниот дел од грбот на детето неколку пати, но не премногу силно, а доколку оваа метода не функционира, лекарите советуваат да се изврши Хајмлиховата процедура.

Извор



912

X