Драга мамо,

Извини што не ти се заблагодарив за секој Божиќ што ми го овозможи во изминативе години кога немав идеја како е да се биде мајка на Божиќ. Ги трошеше своето време, енергија и трпеливост правејќи го празникот одличен – не за тебе, туку за твоите деца. И замислувам дека иако тоа бараше многу работа, ти направи да блесне за твоите деца.

Нашата возбуда. Исчекување. Радост.

Насмевките на нашите лица. Можеби сме немале секогаш многу пари, но секогаш се трошеше себеси правејќи го Божиќ посебен. Не го ценев тоа тогаш како што го ценам сега.

Како што носам кутии и торби полни со украси, декорации и заплеткани светилки.

Додека ги распакувам старите спомени од моето детство, додека создавам нови со моите деца.

Додека ги водам кон декорирање и читање рецепти и повеќе давање отколку примање.

Додека ги метам игличките од елката и ги закачувам божиќните чорапи на каминот.

Додека пазарам и ги завиткувам и кријам подароците.

Додека правам листа со намирници и планови за оброци.

Додека воздивнувам кога гледам дека новогодишната листа на децата станува сè подолга и тие бараат сè повеќе и повеќе.

Додека се обидувам да им помогнам да го разберат вистинското значење на Божиќ.

Додека ги извршувам обврските и ги разработувам деталите и постојано одговарам на прашањата од типот: „Дали дојде Божиќ?“ и „Те молам, те молам, те молам, може да отвориме еден подарок порано?“ и „Уште колку има до Божиќ?“

Додека ги правам работите што ти ги правеше, но не секогаш со истата радост што ја имаше ти, го ценам тоа. Те ценам тебе.

Иако не сум го рекла тоа, сето тоа многу ми значеше и беше повеќе од доволно.

Ти се заблагодарувам мамо за секој Божиќ што ми го даде.

Додека им го овозможувам Божиќ на моите деца, ќе ги носам спомените со мене засекогаш и твојата магија со мене.

Извор



912

X