Во операционата сала влегуваш будна, со бебе во твојот стомак и куп соништа и очекувања во душата.
– Можеш да се наведнеш повеќе? – прашува анестезиологот.
Ти пречи стомакот, но сепак се обидуваш, ги затвораш очите, дишеш и веруваш.
Колку доверба имаме!
Рацете се потат, стравот и вознемиреноста се во срцето, кој ја доживеал оваа сцена, добро ја разбира.
Нозете се испружени и од половината надолу сѐ е покриено.
Го ставаш телото на пауза за друго суштество да може да дојде на свет.
Седумте слоја брзо исчезнуваат, но следните неколку минути траат цел живот.
И бебето пристигнува, малите очи што толку долго ги чекавте, иглите, докторските мантили, исечениците, рацете, потта, шевовите, исчезнуваат од меморијата.

Која друга љубов би го направила тоа? Која друга љубов би можела да те натера да станеш и да држиш бебе дури и без сопственото тело?

Царскиот рез е потребен во 15 отсто од породувањата, тоа е калемот што ја држи нишката на животот.
Потсетувањето дека раѓањето е чудо и дека породувањето е секогаш свето.
Да, мајко што си се породила со царски рез, ти си вистински воин.

Автор: Аманда Ресенде
Извор



912

X