Родителите честопати се загрижени дека нивните деца нема да го јадат послужениот оброк, дека ќе одбијат да останат на масата за време на оброкот и дека ќе се жалат за понудената храна. Истражување покажува дека 35 отсто од анкетираните 2.000 мајки и татковци рекле оти седењето на семејната трпеза е стресно искуство, според „express.co.uk“.
41 процент од родителите признале дека не уживаат во сопствениот оброк бидејќи нивното дете е пребирливо за храната. Како резултат на тоа, секој шести родител би сакал да ги одвои децата на посебна маса или да јаде во мир откако децата ќе го завршат оброкот. Имено, повеќе од една петтина од нив тврдат дека не им помага тоа што не се сигурни во сопствената способност да послужат оброци што ќе им се допаднат на сите, додека повеќе од половина (54 проценти) би сакале да имаат помош во кујната за послужување брзи, вкусни и здрави оброци во кои семејството гарантирано ќе ужива.
Малите промени можат да направат голема разлика
Нутриционистот Џоан Лун вели: „Знаеме дека оброците можат да бидат многу стресни за семејствата, додека родителите се загрижени дека не ги тераат сите да јадат балансирана исхрана и дека пребирливото јадење ќе се меша со здравата исхрана. Мали промени во начинот на кој семејствата пристапуваат кон оброците може да направи многу. Споделивме некои од нашите најдобри совети со волонтерите – како што е вклучување на децата во планирањето и подготвувањето оброци, дозволувајќи им на децата сами да изберат храна“, објаснува Лун.
„Ваквите промени навистина можат да ги направат оброците попријатни за секого“, вели таа. Студијата покажала дека хранењето на децата со премногу шеќер, премалку зеленчук и оброци кои не се доволно разновидни се меѓу главните грижи на родителите. 56 проценти од родителите се борат со децата да имаат здрав сооднос на овошје, зеленчук, протеини и јаглехидрати. Познато е дека речиси три четвртини (73 проценти) од децата покрај домашната храна бараат храна со достава.
Зеленчукот се смета за најмалку омилената храна на децата (42 проценти од родителите се пожалиле), потоа протеините, како риба, јајца и посно месо (22 проценти) и здрави јаглехидрати како кафеав леб или ориз и житарки (17 проценти). Сакајќи децата да бидат среќни, половина од родителите рекле дека им е полесно да извадат нешто од замрзнувачот, додека 29 отсто од нив служат слатки и чоколадо, а 28 отсто ќе се одлучат за готов оброк. И за да го натераат целото семејство да јаде добро, честопати ќе зготват до три различни јадења за вечера за секој член на семејството да ужива.

Храна на која децата често се жалат:
-Печурки
-Маслинки
-Лук
-Брокула
-Кускус
-Лосос
-Пиперки
-Домати
-Зелена салата
-Туна
-Грашок
-Морков
-Бакалар
-Јајца
-Бифтек
-Мелено говедско месо
-Пилешки батаци
Автор: Мартин Винтер