Љубов е кога сè на светот ни е близу. Прво се бунтуваме против таткото, потоа против мајката, а кога ние ќе добиеме деца, сосема исто, истите грешки ги правиме.
Не постојат идеални родители – секој некаде греши. Ова беше ставот на Владета Јеротиќ, познатиот српски психијатар и поранешен професор на Православниот богословски факултет во Белград и член на Српската академија на науките и уметностите.

Современото мислење на западните психолози е дека секое новороденче не се раѓа како табула раза- неиспишана табла, туку со никулец за добро и зло, и тоа ми е мене многу прифатливо. Се разбира, овде генетиката игра важна улога. Доброто и злото се заедно, а потеклото на злото не го знаеме доволно.


Значи, не знаеме доволно за потеклото на злото, но постои добро. Во човекот постои добро. Се повикав на современата психологија и на тој никулец за добро и зло кој е присутен кај новороденчињата. И тука почнува значењето на родителите! Колку тие ќе помогнат да се развијат добри деца, да се развие добриот никулец.
Некој се раѓа со висок никулец за зло и обратно. Така што, многу е важно како ќе се воспитуваат децата.
Во Америка, психолозите и психијатрите сметаат дека во развојот на децата 50 проценти отпаѓаат на генетиката, а 50 проценти се стекнати во текот на животот.
Не може детето да се развива нормално ако мажот и жената не се сакаат.
Немам деца, но треба добро да внимаваме како постапуваме со децата бидејќи тие ќе пренесат сè, и позитивното и негативното, од родителите на своите деца. Кога за ова зборувам, младите луѓе се плашат. Треба да ја најдете вистинската личност и многу е важно и едната и другата страна длабоко да почувствуваат – тоа е тој – тоа е таа. Тоа не е измислено, тоа не е илузија.

Во детството не треба да ја пренагласувате книгата, туку играта. Човекот најпрво е homo ludens, а потоа сè друго.

Еве една од изјавите на Јеротиќ.



912

X