Вилијам Џејмс Сидис зборувал 25 јазици и имал коефициент на интелигенција за 100 поени поголем отколку Алберт Ајнштајн, но тој само сакал да го живее животот во изолација.

Во 1898 година, во Америка бил роден најпаметниот човек што некогаш живеел. Неговото име е Вилијам Џејмс Сидис и неговиот коефициент на интелигенција на крајот се проценува дека бил помеѓу 250 и 300 (100 е нормата).

И неговите родители Борис и Сара биле прилично интелигентни. Борис бил познат психолог, додека Сара била докторка. Некои извори велат дека украинските имигранти си направиле дом во Њујорк, додека други го наведуваат Бостон како место за нивниот почеток.

Како и да е, родителите биле воодушевени од својот надарен син, па трошеле еден куп пари на книги и мапи за да го поттикнат неговото рано учење.

Кога имал 6 години, Вилијам зборувал повеќе јазици, вклучувајќи англиски, француски, германски, руски, хебрејски, турски и ерменски. Како тоа да не било доволно импресивно, тој измислил свој јазик како дете (иако не е јасно дали некогаш го користел како возрасен). Амбициозното момче пишувало поезија, роман, па дури и устав за потенцијална утописка земја.

На 9-годишна возраст Вилијам бил примен на Универзитетот „Харвард“. Сепак, факултетот не му дозволувал да посетува настава додека не наполнил 11 години.

Додека бил студент во 1910 година, држел предавања во математичкиот клуб Харвард на неверојатно сложена тема за четиридимензионалните тела. Предавањето било речиси неразбирливо за повеќето луѓе, но, но за оние што го разбрале, лекцијата била откровение. Тој дипломирал на легендарниот универзитет во 1914 година. Имал 16 години.

Имаше многу шпекулации низ годините за коефициентот на интелигенција на Вилијам Сидис. Сите записи од неговото тестирање на коефициентот на интелигенција биле изгубени, па на современите историчари им останало да проценуваат.

За контекст, 100 се смета за просечен IQ резултат, додека под 70 се смета за многу ниско. Сè што е над 130 се смета за надарен или напреден. Ајнштајн имал коефициент 160, Леонардо да Винчи 180, Њутн 190. Што се однесува до Вилијам Џејмс Сидис, тој имал коефициент на интелигенција од околу 250 до 300.

Со оглед на тоа што имал висока интелигенција, тој не можел добро да се вклопи во свет со луѓе што не го разбирале.

Откако на 16-годишна возраст дипломирал на „Харвард“, на новинарите им рекол: – Сакам да живеам совршен живот. Единствениот начин за живеење совршен живот е да се живее во изолација. Отсекогаш сум мразел метежи.

Планот на момчето функционирал добро, особено за личност која веќе била позната толку долго.

Краток временски период предавал математика на Институтот „Рајс“ во Хјустон, Тексас. Но, бил истеран, делумно поради фактот што бил помлад од многу негови студенти.

Во 1919 година Вилијам бил уапсен на првомајскиот социјалистички марш во Бостон. Бил осуден на 18 месеци затвор за немири и напад на полицаец, но не го сторил ни едното ни другото.

Како што и претходно рекол, тој бил одлучен да живее во осаменост. Работел како сметководител, но секогаш кога ќе го препознаеле, давал отказ.

Во 1937 година Вилијам за последен пат бил повторно во центарот на вниманието кога „Њујоркер“ објавил контроверзна статија за него. Тој одлучил да тужи за нарушување на приватноста и злонамерна клевета, но судијата го отфрлил случајот.

Судијата пресудил дека кога една личност е јавна личност, таа засекогаш ќе биде јавна.

Во 1944 година Вилијам Џејмс Сидис починал од церебрално крвавење, на 46-годишна возраст.

Пронајден од неговата газдарица, најинтелигентниот човек познат во модерната историја починал како сиромашен, повлечен канцелариски службеник.

Извор



912

X