Една пријателка не може да разбере зошто нејзиниот син има проблеми во справувањето со предизвиците во животот. Тој е паметен млад човек. Пораснал во регион со добри училишта. Таа се гледа себеси како идеална мајка. Секогаш му давала добри совети. Го насочи да мисли позитивно за себе и му создаде добри навики, кои ги применува секој ден.
Како и во секое домаќинство, и во нивното имаше правила. Кога момчето ќе ги прекршеше, родителите му викаа. Му се закануваа со казни. Кога ќе го повтореше прекршокот, родителите го повторуваа нивниот одговор. Викаа и се закануваа со казна. Не сфатија ли дека казната е премногу тешка за применување? Дали навистина веруваа дека се потребни екстремни закани?
Во секој случај, беа премногу зафатени со нивните активности за да вршат надзор над него или да ги засилат правилата со соодветни последици. Сценариото се повторуваше бескрајно. Момчето го правеше истото што и претходно: ги игнорираше нивните правила. Родителите исто така: викаа и се закануваа со тешки казни.
Истражувањата покажуваат дека понекогаш само една застрашувачка епизода во раниот однос помеѓу родителот и детето може да резултира со несигурна приврзаност.
Сузан Вудхаус, истражувач и професор за советодавна психологија на Универзитетот „Лихај“ во САД вели: „Ако мајката прави застрашувачки работи додека бебето плаче, на пример, силно викање… дури и ако се случи само еднаш, бебето ќе биде несигурно“. Ова може да објасни зошто поврзаноста на момчето со родителите не била доволно вредна за него за да се грижи за нивното неодобрување. Да му викаат било прифатлива цена за да ја плати слободата и да прави што сака. Не сфаќал дека ја плаќа цената и во однос на неговиот развој. Без потреба за следење правила стекнал мала способност за одложување на задоволството. Без пример за угледување, развил слабо чувство за сопствен идентитет.
Психолошко огледување
Ова се однесува на збир на однесувања чија намера е да му се пренесе на детето дека е слушнато и дека родителите ја разбираат неговата емоционална состојба. За таа цел, можете да ги повторувате зборовите или да го усогласите тонот со кој му се обраќате со неговиот. Додека со физичкото гледање во огледало откриваме како изгледаме, преку психолошкиот сегмент на тој процес ние добиваме чувство кои сме. Можеме да не го искусиме сопственото „јас“ ако некој не го рефлектира неговото искуство за нас. Со други зборови, ако не сме пример за огледување, тогаш сопственото искуство за нас самите не е толку силно како искуството што го имаме за другите луѓе.
Не стануваме личности со размислување
Декарт рекол „Мислам, значи постојам“. Тоа не е точно. Не стануваме личности со размислување. Стануваме личност преку психолошко соочување со себеси. Иако децата не стануваат личности кога им се вика, мегафон-родителството сè уште е многу често. Во блог за родителство и деца авторката Витни Камингс напишала: „Често ја користиме емоционалната манипулација за да ги добиеме резултатите што ни го олеснуваат животот, наместо оние што ги прават животите на децата поуспешни“. Викањето може да доведе до тоа детето да не размислува, вели таа. Бидејќи е заканувачко, викањето поттикнува или кавга или „замрзнување“. Бидејќи мало дете не знае да се расправа, тоа се смрзнува, па во тие моменти мислењето стагнира. Момчето што го земаме за пример, поради однесувањето на родителите, направило лоши избори.
Поврзано со, одговор на или реакција на…
Не стануваме човек самите. Тоа не се постигнува со форма на изолација. Ако не постои чувството на поврзаност, се креира состојба на внатрешна осаменост, која детето не може да ја толерира долго. Кога нема да може да толерира и да чувствува поврзаност, детето може да го напушти автентичното „јас“ и да прифати карактер за кој се надева дека ќе му одговара. Детето, исто така, може да го присвои карактерот на родителот, роднина или на друг член што му е модел. Тоа ќе се обидува со различни карактери додека да дојде до оној за кој ќе добие некаков одговор или награда. Ако и тоа заврши со неуспех, детето ќе стекне карактер на кој другите ќе реагираат со лутина и бес. Ако и тоа резултира со опасност, траума или страв, детето се повлекува во својот изолиран внатрешен свет.
Што можат да направат оние што не се соочиле со себеси и не добиле одговор и реакција?
Д-р Џејмс Мастерсон вели дека на секого му треба добро соочување со себеси. За жал, тоа има своја цена. Под тоа се подразбира терапија. Тој верува дека процесот е можен само ако го спроведува неутрална личност која ќе биде платена за тоа.
Автор: Том Бан