Претходни истражувања откриле дека децата што се билингвални можно е да имаат ограничен вокабулар во двата јазика, за разлика од нивните врсници што зборуваат еден мајчин јазик. Нова студија додава дополнителен контекст на ова тврдење.

Квалитет? Квантитет?

Истражувачите што стојат зад новото истражување откриле дека билингвалните деца се одлични во раскажувањето приказни и на своите умови им овозможуваат брилијантна вежба. Исто така, напредуваат на исто ниво како и нивните врсници. Истражувачкиот тим од Универзитетот во Алберта набљудувал група билингвални деца од Франција и од Англија на возраст помеѓу 4 и 6 години, кои биле учени на два јазика од своето раѓање.

Откриле дека билингвалните деца користеле ист фонд на зборови за да раскажат приказна – и на англиски и на француски – како и децата што зборуваат еден јазик.
Бидејќи вокабуларот е предвидувач за училишниот успех, некои родители на билингвални деца – кои често користат помалку зборови отколку децата што зборуваат еден јазик – може да се загрижени за успехот на нивното дете на училиште.

Но, ова ново истражување ни кажува дека грижата е без основа.

– Овие резултати посочуваат дека родителите на билингвалните деца не треба да бидат загрижени за долгорочните постигнувања на детето во училиште – изјавила Елена Николадис, водечкиот автор и професор на Универзитетот во Алберта, на одделот за психологија.

Зборовите како супермоќ

Истражувањето укажува на тоа дека креативниот начин на кој билингвалните деца ги користат зборовите е всушност како супермоќ. Експертите велат дека способноста за раскажување приказни е уште еден индикатор за успех на училиште и знак дека децата ќе напредуваат откако ќе го почнат образованието.

Изгледа дека билингвалните деца раскажуваат приказни со уживање, според новата студија.

– Минатите истражувања не се изненадување. Учењето зборови е поврзано со тоа колку време поминуваме во изучување и зборување на секој јазик. За билингвалните деца, времето е поделено помеѓу јазиците. Па така, не е изненадувачки што имаат посиромашен вокабулар и во двата јазика што ги зборуваат. Сепак, новото истражување покажува дека што се однесува до функцијата раскажување приказни, билингвалните деца се еднакво силни како и децата што зборуваат еден мајчин јазик – вели професорката Николадис.

Автор: Пип Линколн



912

X