Здравата исхрана е важна во текот на животот. Тинејџерските години се чувствителни на овој план бидејќи е тешко да им се објасни дека треба да јадат нешто што не го сакаат. Тие често се многу бунтовни и желни за независност иако сѐ уште не се подготвени за светот на возрасните.

Нутритивните потреби на тинејџерите се огромни бидејќи тие се развиваат и доживуваат хормонални и емоционални промени

Истражување презентирано на Европскиот конгрес за дебелина во Холандија спровело анализа на 942 тинејџери од 16 училишта во регионот Вест Мидлендс во Англија. Експертите откриле дека 90 отсто од тинејџерите не јаделе доволно зеленчук, додека 73 отсто ги надминале препорачаните ограничувања за внес на шеќер за секој ден. Околу 70 отсто од нив консумирале помалку од 100 грама овошје (што е еднакво на едно мало јаболко) дневно, а 91 отсто консумирале помалку од 200 грама зеленчук. Покрај тоа, повеќето јаделе повеќе од препорачаната дневна количина компири и пилешко.

Анкита Гупта од Универзитетот во Бирмингем, водечки автор на студијата, истакнува дека треба да се признае оти една третина од адолесцентите во Велика Британија се со прекумерна тежина или дебели.

Д-р Гупта смета дека владејачката партија треба да дизајнира интервенции кои ќе се фокусираат на трансформирање на системите за храна, промена на политиката за храна и поддршка на диета која ќе има корист за здравјето на младите.

Таа истакнала и дека училиштата се местата каде што децата поминуваат најголем дел од своето време. „Ова е клучна средина во која треба да се спроведат програмите, стратегиите и политиките за исхрана“, изјавила таа.

Извор



912

X