Научниците тврдат дека нашле начин да го решат проблемот со заспивањето на бебињата. Тие тестирале техника на одење и седење за која велат дека можеби е најдобриот начин да се смири расплаканото бебе, да заспие и да остане цврсто заспано.

Ниту една од компонентите на овој метод не е револуционерна, но можеби ќе бидете пријатно изненадени ако ја испробате препорачаната секвенција. Техниката се однесува на бебиња кои плачат пред да заспијат и треба да бидат земени в раце во истиот момент кога плачат. Научниците препорачуваат прво да го земете бебето и да го носите в прегратка, а по примена на методата, веруваат дека тоа треба да заспие во рок од пет минути. Еве го клучниот дел:

Откако ќе го облечете, седете со вашето бебе пет до осум минути. Ова им овозможува на бебињата да заспијат додека сè уште се во контакт со вас. Потоа нежно спуштете го во креветчето.

Научниците признаваат дека нивната студија е „истражувачка и треба да се потврди“, така што никој не дава никакви ветувања дека ова е магија што веднаш ќе функционира, но се надоврзува на неколку набљудувања што ги направиле и со кои веројатно би се согласиле повеќето родители.

Имено, луѓето и животните кои ги носат своите млади в прегратка имаат т.н. транспортен одговор кој ги смирува бебињата кога се носат в раце, додека се во движење. Расплаканите бебиња заспиваат прилично длабоко ако ги шетате, но среќните, будни бебиња не. Исто така, бебињата се будат веднаш штом ќе забележат дека се разделени од родителите. Затоа, ако ги носите в раце, а потоа ги спуштите во креветчето, тоа може или да им го продлабочи сонот или нагло да ги разбуди. Бебињата навлегуваат во длабок сон околу пет до осум минути откако ќе забележите дека заспале.

Кога сето ова ќе се земе предвид, научниците сугерираат дека протоколот „движење, па седнување“ треба да има прилично добра стапка на успех. Имајте на ум дека ова е за бебиња што плачат, а не за будните, така што можеби не е нешто на што можете да сметате во вашата редовна рутина пред спиење.

Веројатно се подразбира, но сепак треба да се каже дека ако бебето има причина за плачење, причината треба да се отстрани пред бебето да заспие. Ако е гладно или нешто го боли, не мора да заспие само затоа што сте го држеле в раце и сте се движеле.

Автор: Жељка Крмпотиќ

Извор



912

X