Модерните татковци го напуштаат традиционалниот модел на одгледување деца, а оние што присуствуваат на нивното раѓање се повеќе склони да ги преземат и оние обврски и активности што порано биле „резервирани“ за мајките.

Татковците што присуствуваат на раѓањето на децата подоцна остваруваат поблизок однос со нив и повеќе се грижат за нив, тврдат американските експерти. Истражување покажало дека денешните млади татковци се помодерни, а за тоа зборува податокот дека дури 44 отсто од припадниците на посилниот пол, помеѓу 25 и 35 години, присуствуваат на доаѓањето на свет на наследникот.

 

Постарите од 45 години практикуваат традиционален модел на одгледување деца кој повеќе е насочен кон мајката, па нивната улога во воспитувањето е доминантна. Мажите што присуствувале на раѓањето на своето дете водат сметка за нивното слободно време, ги организираат семејните патувања, одење на одмор, излетите, спортските, културните и другите активности. Малцинство се татковците што може да се грижат и за болно дете или да го подготват за одење на училиште. Тоа, изгледа, е премногу за нив.

Извор



912

X