Ново истражување покажало дека татковците почесто им нудат на своите деца нездрава храна, што значи дека мајките сè уште се задолжени за подготовка на оброците во повеќето домаќинства.
Истражувањето е објавено во списанието „Сајенс директ“, а во студијата учествувале повеќе од 100 семејства во Сан Франциско. Речиси сите семејства откриле дека навиките за јадење се поздрави кај мајките отколку кај татковците.

Авторката на истражувањето, Прија Филдинг-Синг, признава дека не била изненадена од вкупните резултати од истражувањето, кои меѓу другото покажале дека татковците работат помалку домашни работи од мајките.

Мајките ја преземаат целата грижа за подготвувањето на храната

Таа објаснува дека мајките се под стрес кога таткото е задолжен за јадењето бидејќи знаат дека оброците нема да бидат квалитетни и здрави, па поради тоа, настанува волшебен круг во кој мајките ја преземаат целата грижа во приготвувањето на храната.

– Иако некои мајки се несреќни поради тоа, неколку од нив рекоа дека може да постои алтернатива, а повеќето истакнале дека тоа е едноставно така и дека треба да се помират – додаде авторот на студијата. Исто така, додаде дека исхраната е нешто што традиционално останало на мајките, додека татковците и денес се само помошници во кујната.

– Едноставно не ја гледаат здравата храна како нешто што е нивна одговорност кога станува збор за децата. И иако времињата се менуваат и сè повеќе татковци остануваат дома и земаат породилно отсуство и учествуваат во домашните обврски, се чини дека сè уште постои нееднаквост кога се во прашање партнерските односи и грижата за децата.



912

X