Стресот е силен нарушувачки фактор во бременоста и може да влијае врз когнитивниот развој на новороденчето. Депресијата и анксиозноста на мајката влијаат врз развојот на мозокот на бебето, покажала студија објавена во средината на април оваа година. Експертите наведуваат дека во стресни ситуации хипофизата и надбубрежните жлезди лачат големи количини хормони, од кои, на пример, кортизолот може да ја пробие плацентарната бариера.

Поголем волумен на левиот хипокампус

Промените во когнитивниот развој може да се забележат од 18-месечна возраст. Студијата е објавена во списанието „JAMA Network Open“. Со следење на сликите на мозокот на бебето од магнетна резонанса, забележано е дека децата чии мајки биле изложени на повисоки нивоа на стрес имаат поголем волумен на левиот хипокампус. Во истражувањето учествувале здрави трудници, а повеќето од идните мајки биле вработени и имале одреден степен на образование.

Можни социјални и емоционални проблеми

Зголеменото ниво на стрес може да биде последица на пандемијата на ковид-19, велат истражувачите и тврдат дека оваа претпоставка е во согласност со наодите од студијата од декември 2021 година, во која се наведува дека бебињата родени во текот на првата година од пандемијата побавно напредувале. Експертите објаснуваат дека децата со поголем лев хипокампус, или други развојни промени поради натален стрес, може да имаат социјални и емоционални проблеми и да имаат тешкотии кога станува збор за воспоставување односи со врсниците и членовите на семејството.

– Децата чии мајки биле изложени на зголемен стрес во текот на бременоста треба да имаат поддршка во форма на навремена педагошка помош – истакнува д-р Кетрин Лимперопулос, директор на Институтот за развој на мозокот при Детската национална болница во Вашингтон.

Како високото ниво на анксиозност влијае врз фетусот?

Експертите објаснуваат дека високото ниво на анксиозност влијае врз обликот на фетусот. Сите стравови, надежи и желби што ги чувствува мајката, ги чувствува и бебето. Некои претходни истражувања дошле до слични заклучоци. Ризикот од спонтан абортус и предвремено породување е поголем кај жените што биле изложени на голем стрес во првото тримесечје од бременоста.

Извор



912

X