Без разлика дали се расправате со партнерот околу финансиите „зад затворени врати“ или константно му викате на своето дете за нешто што го направило или не, вашиот стрес допира до целото семејство и може да предизвика скриен притисок врз сите членови, истакнуваат психолозите од Јоханесбург.

Децата го впиваат родителскиот стрес

Децата се многу интуитивни. Тие се како мали сунѓери кои го впиваат и она што е изговорено и она што не е. Тие практично го детектираат стресот и може да се однесуваат исто. Затоа, ако барем делумно сте под стрес околу нешто, постојат добри шанси вашето дете да стане гневно или многу немирно.

Ефектите од претпородилниот стрес

Навистина, не постои период кога родителскиот стрес не може да влијае врз детето. Изгледа дека и делумниот стрес во бременоста може да влијае врз развојот на бебешкиот мозок, па дури и врз неговите гени. Доколку жената доживува значаен стрес во бременоста, хормонот на стрес – кортизол влијае врз плацентата. Мозокот на фетусот, кој сè уште е во развој, прима сигнали и го интерпретира тоа на таков начин на кој чувствува како да е во сериозно стресно опкружување. Доколку мозокот на бебето премногу бурно реагира на ова, може да се зголеми ризикот за развој на АДХД подоцна во животот.

Како да се справите со родителскиот стрес

Иако е многу важно на детето да му покажете љубов и наклонетост, студиите покажуваат дека коригирањето на стресот е следната најважна работа што морате да ја направите за детето. Стресот е неизбежен. Секој го доживува во поголема или помала мера одвреме-навреме, а многу често е уште поголем ако доживувате некои големи животни промени, како што е бременост, губиток на сакана личност, селидба или промена на работното место.

Постојат неколку начини со кои можете да влијаете врз вашиот стрес за семејството да не го трпи и доживува.

1. Вежбајте дишење

Можеби звучи како клише, но дишењето навистина е најважната работа на која треба да се концентрирате кога сте под стрес, токму поради психолошкиот ефект врз духот и телото. Добра вест е што можете да ги научите вашите деца да застанат и заедно со вас да дишат длабоко неколку пати. Научете ги бавно да земаат воздух, да го задржат неколку секунди, а потоа да го испуштат. Ова е едноставна вежба која се покажала како добро ослободување од стрес.

2. Разговарајте отворено со своето дете

Таложењето на чувствата не е здраво. Всушност, долготрајното задржување на стресот во себе може да предизвика во еден момент да пукнете и да изгубите контрола кога е во прашање некоја ситница. Многу е важно што ќе правите со чувството на бес, анксиозност, притисок. Кога сте под притисок, обидете се да го доведете тоа во нормала и да вербализирате. Доколку вашето дете има барем три години, можете да му кажете нешто како: „Мама е малку под стрес, но тоа е во ред, сите понекогаш се чувствуваме така. За да се чувствува подобро, мама сега ќе вежба. Дали сакаш да ми се придружиш?“ Одржувајте го разговорот во согласност со возраста. Децата не треба да го носат вашиот стрес со себе, но можат да разберат дека тоа е сосема нормална работа.

3. Нека ви биде приоритет вашето ментално здравје

Токму поради брзиот живот кој сите го водиме, поважно од кога било е да бидете добри кон себе и да се грижите за своето здравје и благосостојба. Доколку се чувствувате тешко и лошо, голема е веројатноста дека ќе бидете нервозни и ќе ја губите контролата кога сте со своето семејство.

4. Сон

За да дојдете при себе, многу е важно да спиете колку што е можно. Никогаш не е лошо да го повторите тоа. Сонот има неверојатно големи придобивки за духот и телото бидејќи ги смирува мозокот и нервниот систем.

5. Тренинг

Немате доволно време за да одите во фитнес-сала? Тоа е сосема во ред. Само 20 минути тренинг дневно се доволни за да го забрзате своето срце и да почнете да се потите, што е сосема доволно да се ослободи ендорфин и кислородот да проструи низ вашето тело. Доколку немате дадилка, можете да вежбате и со своето дете. Домашните обврски и дневната прошетка се идеален избор.

6. Исхрана

Исто така, многу е важно ваше гориво да биде добрата храна која ќе ви го крене нивото на енергија. Исфрлете ги рафинираните шеќери, слатките пијалаци и храната преполна со масти. Наместо тоа, пијте многу вода, јадете овошје и зеленчук бидејќи имаат антиоксиданси, како и храна со низок гликемиски индекс, која е добра за вашето тело и ум, бидејќи бавно ги испушта јаглехидратите. Исто така, внесувајте доволно протеини за клетките да заздравуваат.

7. Модел на однесување

Не заборавајте, како родители, вие сте му основниот пример на вашето дете. Тоа значи дека детето, исто така, треба да спие добро, да се храни здраво, да биде без стрес колку што е можно повеќе. Еден од најлесните начини да му помогнете на детето да се опушти по напорниот ден е да воведете редовна и релаксирачка навика за одење во кревет навреме. Тоа ќе ви помогне и вам и на вашето дете да се смирите и да спиете подобро.

8. Разговор со експерт

Доколку не сакате вашиот стрес да се шири, најлесен начин за тоа е да поразговарате со психолог или советник. Доколку немате доверба во странец, разговарајте со близок пријател или други родители кои ќе ве поддржат и ќе ви помогнат, едноставно ќе ве сослушаат и ќе разберат кога се чувствувате премногу оптоварено.

9. Останете позитивни

Врз менталното здравје значајно влијание има ослободувањето од стресот и од негативните мисли. Секогаш запрашајте се дали ова ќе биде проблем и по пет недели, месеци или години. Доколку одговорот е „не“, едноставно не грижете се. Целта е да се избегне непотребно изложување на сето она што ве влече надолу. Згаснете ги вознемирувачките медиуми, оддалечете се од озборувања, непријатни луѓе и оние што осудуваат, променете ја насоката на движење до работа за да избегнете врева, загадување, кавги и други предизвикувачи.

10. Не натрупувајте го својот распоред

Премногу социјални случувања и обврски што си ги поставувате во распоредот може да предизвикаат огромен стрес и за вас и за децата. На децата им се потребни доволно простор и време за да бидат без обврски и притисок. Децата треба да имаат доволно време за игра во дворот или едноставно да го прават тоа што сакаат.

Извор



912

X