Кој е вашиот стил на родителство? Дали сте приврзан родител, слободен родител, родово-неутрален родител или тигар-родител? Одговорот кажува многу за животот на возрасната личност, но многу малку за тоа како ќе живее бебето. Во суштина, не е важно како го нарекувате вашиот стил на родителство. Може да бидете таму за секој каприц, може да му ги дадете сите играчки или ниту една. Можете да инвестирате време, пари, енергија и многу стрес во следење на стиловите на родителство. Ништо од тоа нема да направи разлика.

Факт е дека бебињата се дизајнирани да бидат имуни на стиловите на родителство. Тие растат и се развиваат без оглед на тоа што прави родителот, сè додека родителот е до него и одговара на неговите потреби барем половина од времето.

Зошто Американците се толку убедени во идејата дека доброто родителство е неопходно за одгледување здрави бебиња?

Голем дел од ова потекнува од 1946 година кога педијатарот д-р Бенџамин Спак ја објавил книгата „Книга за смислата на бебињата и грижата за децата“ и ги отвори вратите за разновидноста на стиловите на родителство што ги гледаме денес. Во оваа популарна книга Спак вели дека родителите го знаат најдобриот начин за да го воспитуваат своето уникатно и посебно дете.

– Знаете повеќе отколку што мислите дека знаете – пишува тој.

Оваа почетна изјава е добар совет и е во согласност со реалноста на одгледување дете. Но, родителите не се осврнаа на овој дел од книгата. А како би се осврнале кога другите 10.000 страници давале детални совети што се спротивставуваат на оваа централна теза.

Овие страници биле првиот удар во војната на интензивните стилови на родителство. Но, она што Спак го пишувал е дека колку повеќе грижа, контакт и внимание вложува родителот во одгледувањето на своето дете, толку подобро излегува тоа дете. Така, една генерација на деца одгледана со книгите на Спок, генерацијата бумери, напредувала. Но, причините се поврзани повеќе со растечкото богатство на нацијата и продлабочувањето на здравјето на детето отколку советите на еден човек за успех на родителите.

– Д-р Спок ја напиша својата голема книга по Втората светска војна. Во културата влегуваа најголем број деца. Имавме растечка економија, имавме корпоратизација на медицината. Со други зборови, бумерите испаднаа добри бидејќи имаа економија и медицински напредок што ги поддржуваа. Сепак, милиони следбеници на Спок велат дека тоа било така поради стилот на родителство од неговата книга – вели Џонсон.

Идејата дека родителите не можат по своја волја да ги воспитуваат децата е посилна од кога било. Истражување од 2019 година од Центарот за население на Универзитетот „Корнел“ открило дека кога им се презентираат најразлични стилови на родителство, 75 отсто од родителите рекле дека претпочитаат поинтензивни стилови на родителство.

– Иако родителите веруваат дека скапите активности што одземаат многу време се клуч за здравје, среќа и успех на нивните деца, ова истражување не ја поддржува оваа претпоставка – заклучуваат авторите.

Покрај тоа, интензивните стилови на родителство бараат огромни инвестиции на време и пари. Овие стилови им бараат на родителите да бидат постојано достапни и да му обезбедат на своето дете широк спектар на воннаставни и социјални активности за да бидат успешни. Можноста на родителите да ги одгледуваат децата на најдобар начин автоматски се чини скапа за многу родители.

– Постои огромна разновидност во културите и супкултурите што им овозможуваат на новороденчињата и малите деца различни искуства – вели Ричард Аслин, научник во лабораториите „Хаскинс“.

Како бебињата учат да одат, не е случајно. Одењето е поврзано со тоа како детето се развива физички и интелектуално бидејќи можноста за движење и истражување е поврзана со интелектуалните вештини како што е развојот на јазикот.

Одењето е основна пресвртница во развојот на децата. Но, постои едно нешто што треба да го знаете: не е важно што правите како родител за да го натерате детето да оди. Доказите можат да се најдат низ цел свет. Истражување од 1976 година открило дека бебињата во некои племиња во Кенија научиле да одат еден месец порано од врсниците во индустријализираните нации, главно затоа што биле научени од родителите преку усогласено учење и практика. Американските бебиња, пак, генерално учат да одат помеѓу 12. и 16. месец. Бебињата од руралните области на Таџикистан, кои лежат во лулки 24 месеци од животот, учат да одат многу подоцна од нивните врсници од Западот. Три екстремно различни култури на родителство доведуваат до три слични исходи: децата учат како да одат. Постои тенденција бебињата да растат на ист начин, без оглед каде се или кои се културните традиции што ги информираат родителите како да комуницираат со своето потомство. Ова е вистина дури и кога интеракцијата е нездрава.

Децата честопати ќе лажат за да ги заштитат насилните родители и среќно ќе им се вратат и покрај злоупотребата.

– Способноста за создавање врска со старателот е толку силен биолошки императив, што кога ќе се воспостави врска, дури и со насилник, тешко е да се прекине таа врска. А уништувањето, како резултат на злоупотребата, честопати нема да биде целосно очигледно додека детето не стане адолесцент – вели д-р Реџина Суливан во труд објавен во 2010 година во списанието „Церебрум“.

Овие деца може во подоцнежните години да страдаат од депресија и злоупотреба на супстанции, но не престануваат да се развиваат во раната возраст.

– Децата се неверојатно отпорни. Толку отпорни што тие ги сакаат и родителите што ги злоупотребуваат. Интересно е што тие имаат неверојатна способност да се приспособат на околностите и да станат целосно функционални возрасни – вели психологот Ричард Аслин.

Ова очигледно е екстремен пример, но ја поткрепува тезата: бебињата растат, и тие растат без оглед на родителските стилови, добри или лоши.

Зошто ова е така? Истражувачите посочуваат дека постои еволутивен фактор. Има смисла бебето да има нагон за преживување и растење. На крајот на краиштата, излегува од матката целосно беспомошно и зависи од старателите кои можеби се или не се подготвени на задачата за одгледување.

– Мозокот на новороденчињата е совршено развиен за исполнување на задачите соодветни на потребите за преживување. Некои од уникатните функции на мозокот на новороденчињата помагаат да се објасни зошто детето се поврзува со кој било достапен старател – вели д-р Реџина Суливан.

– Она што најдобро функционирало низ историјата е одговарањето на потребите на бебето. Направете го најдоброто што можете. Најдете нешто што мислите дека е правило и за вас и за вашето семејство. Постојат многу работи под „правилно“ што е здраво за вашите деца. Не постои еден врвен пристап затоа што се вклучени човечки суштества и луѓето се различни – вели Џонсон.

Така што, додека родителите се опседнати со нивниот родителски стил, излегува дека не е важно на долг рок сè додека тој стил на родителство значи едноставно да бидете тука за вашето дете.

Извор



912

X