Кога станувате родител, „Гугл“ ви станува најдобар пријател. Тешко е да не пребарувате на интернет за сите оние работи поврзани со вашето бебе. Но, лекциите од „Гугл“ не завршуваат кога вашето бебе ќе наполни една година. Во тој период треба да бидете опремени за да се грижите за одењето и зборувањето на едно мало неуредно човече.

Токму тогаш ви се потребни позитивни совети.

Помогнете му на вашето дете да развие соодветни зборови за работите

Кога вашето дете ќе го насочи прстот кон шишето и ќе каже друг збор наместо „шише“, охрабрете ги неговите јазични вештини, но и кажете му го правилното име за предметот.

Читајте му секој ден

Можеби кога се мали нема да ја следат приказната како што ќе ја следат за неколку години, но сето ова е да помогнете во поставувањето на темелите за јазични вештини и интересот за раното читање.

Дајте му можност за избор

Понекогаш нудењето опции на вашето дете, како што се коцки или топка, или сирење или сендвич, може да помогне за полесно донесување одлуки. Дури и ако вие сте го поставиле сценариото, сепак ќе направи да се чувствува како тоа да ја има контролата.

Изберете кои битки ќе ги водите

Повеќето родители со деца на различна возраст мудро ќе ви кажат дека треба да изберете кои битки ќе ги водите. За некои работи едноставно не вреди да кревате врева. Така што, дозволете му на вашето дете да носи различни чорапи, ако е непопустливо во врска со тоа.

Држете се до вашите одлуки

Децата на една, две, три, четири години покажуваат бес. Кога вашето дете е длабоко навлезено во оваа фаза и кога сте поставиле ограничување за нешто, држете се до вашата одлука и не попуштајте – дури и ако вашето дете буквално се тркала на подот.

Поттикнете го детето да истражува секогаш кога е можно

Иако е важно да останете со вашето дете додека истражува отворени простории или вашиот дом, важно е да му дозволите да шета и да истражува и да учи без многу да се мешате.

Играјте измислени игри

Во текот на детските години, усовршувањето на способноста на вашето дете да игра измислени игри може да биде забавно и за двајцата.

Не потпирајте се на зборот „не“

Да му кажете на вашето дете „не“, понекогаш може да има спротивен ефект. Наместо тоа, најдете начини да му го одвлечете вниманието од она што не треба да го прави или објаснете му зошто не е добра идеја.

Не бидете скржави со прегратките и гушкањата

Не постои такво нешто како премногу гушкање и бакнување. Дури и ако детето имало тантрум, прегратката може да му значи многу. Секако, никогаш не ви е потребен изговор за слатки, мали гушкања.

Извор



912

X