Наоѓајќи се во улогата на личност која е одговорна за нов живот, животот на малечко суштество кое дошло на свет со чисто срце, родителот добива можност на забрзан раст како личност. Иако е мојата одбрана тема нешто за кое може да се испише и научна дисертација, би поделила неколку од своите размислувања кои можеби не се толку стручни, но се и сосема лични и непосредни. Нашите културолошки гледишта за егото често се сведуваат на пораката дека мораме да се решиме од него, како негативен елемент кој нè спречува во напредокот во општеството кон она мирољубивото и некористољубивото.

Всушност, егото ја прави посебна и своја секоја одредена личност и не е баш нешто што би морале само да го отфрлиме бидејќи секој од нас сепак има свое „јас“, свој посебен пат, свои посебни таленти кои ги имаме за да ги поделиме со светот. Не треба да го отфрламе егото за личниот и духовен раст. Подобро би било да го трансформираме.

Раѓањето на детето во нашите животи донесува најмногу љубов како позитивна енергија која може да придонесе за големи животни промени. Љубовта, не е тајна, а сепак е, на сите им е позната како движечка сила. Љубовта ги лекува сите рани. Некои од негативните аспекти на егото кои ги лекува родителството се:

Самосожалување

Детето им поставува толку многу задачи на своите родители поради сопствените потреби, што навистина не остава место, ниту време за чувството „кутриот јас“. Да бидеме реални, новороденчето не може да опстане без грижата од возрасните, а родителот е тој што мора да сфати дека грижата за детето е токму негова и ничија туѓа улога. Кога детето ќе се разбуди во текот на ноќта со висока температура, родителот е тој што треба да се погрижи за него, да го утеши кога му е потребно, да сфати кога не знае да ги контролира своите емоции.

Саможивност

Децата можат и тоа како да ве „вратат на земја“, бидејќи количината на грижа што им е потребна е голема. Никој не ги знае одговорите на сите прашања, а многу работи допрва треба да се научат и да се учат во од со растот на детето.

Самодеструкција

Славењето на новиот живот нè потсетува колку самиот живот е скапоцен и колку труд е потребен за малечко дете да прерасне во возрасен човек. Да бидеме најпрво благодарни. Кога знаете колку сте среќни што вашето дете е здраво, повеќе го цените токму тој дар и развивате емпатија за другите. На децата вие сте им најважните личности во животот, барем во првите години, не сте безвредни, туку сте им сè и сте им доволни!

Страдање

Зошто да се страда, животот е убав, секоја мала насмевка, прегратка со лепливите прстиња, секое изговорено „мама“ или „тато“ е скапоцени и вредно да се чува во сеќавање. Дозволете си да ги прифатите сите убави страни на родителството.

Тврдоглавост

Некогаш навистина треба да се попушти, а и да се научи да се живее во заедништво. Понекогаш е подобро да се биде одлучен, кога се поведува дисциплина!

Себичност

Веќе не сте сами, сè се дели…

Нетрпеливост

Ха! Ако порано во животот не сте имале вежби за трпение, следуваат вистински лекции. Заеднички исцелувачки израз: љубов.

Автор: Татјана Павлиќ Блажон

Извор



912

X