Веќе сте во 15-тата недела од бременоста и одеднаш добивате желба за сладолед – мора ли по секоја цена да јадете сладолед? Додека одите кон полиците со сладолед, одеднаш сфаќате дека јагодите со шлаг одлично ќе одговараат со сладоледот. Вашата желба за храна е во полн ек. И иако овој пример на желба за храна во бременоста може да биде малку необичен, желбата за невообичаени комбинации на храна или храна што воопшто не сте ја јаделе пред бременоста не е ништо невообичаено. Една мајка на социјалните мрежи отворено пишува за нејзината желба за храна во бременоста, а нејзиното искрено писмо е претставено во продолжение:

– Ми здодеа да гледам славни личности како објавуваат на социјалните мрежи и признаваат дека јадат само малку повеќе откако се бремени. Или кога познатите трудници велат дека не сакаат да седат и да јадат цело време и наместо тоа, одат во вежбалница секој ден. Можеме ли за момент да се вратиме во реалноста од бременоста? Бремена сум речиси шест месеци и сум гладна. Да, вежбам секој ден и се трудам да се хранам здраво, но понекогаш сѐ што ми треба е крцкав солен чипс и кауч. И одбивам да се чувствувам лошо поради тоа! Па еве искрено прикажување на она што го јадев денес, без „филтри“ и разубавување.

8:00 часот : „Крадам“ малку појадок од моите деца – неколку дланки житарици со путер од кикиритки, измешани со јаткасти плодови и банани. Знам дека е добар оброк за почеток на денот, но тоа не беше мојот единствен појадок.

10:00 часот: Земам сендвич со јајца и сирење, прелиен со пикантен кечап.

10:05 часот: Сè уште сум гладна?! Јадам остатоци од тестенини со сирење од претходната ноќ.

13:00 часот: Не можев да си помогнам, а да не изедам парче леб од тиквички.

13:30: Време е за остатокот од пилешкото со грашок и слатки компири од синоќешната вечера. Ова го јадам без леб, само затоа што немаме повеќе леб дома.

14:00: Земам којзнае какво парче леб направен од тиквички, свеж од рерна. Вкусно!

20:00 часот: Гладна сум и луда. За помалку од 5 минути го изедов последниот залак од Цезар-салатата со половина парче тофу сирење и прелив од јогурт.

20:30 часот: Планирав да јадам чоколаден пудинг со шлаг, како и повеќето вечери, но заспав на каучот. Надополнив следното попладне, не грижете се!

Искрено, не ми изгледа ова како многу храна затоа што сум гладна од утро до вечер. И да се разбереме, неколку дополнителни залаци од авокадо или киноа нема да ги намалат гладот и желбата за одредена храна во текот на бременоста.

Извор



912

X