Додека децата ми беа малечки, една моја познајничка требаше да намине кај мене нешто да ми остави, па ми се јави и ме праша:

„Кога би ти одговарало да дојдам?“

„Кога сакаш, дома сум цел ден“.

„Ех, што сѐ би дала да сум мајка домаќинка и да имам доволно време за сѐ!“

Ова се случи пред три години и до ден-денес не сум ги заборавила тие зборови.

Затоа сакам да кажам дека она што јас го работам дома трае цел ден. Го доев своето второ дете, по цел ден. Пресметав дека тоа е околу 109.500 минути годишно. Првото дете го доев до три години и на тоа потрошив 328.500 минути. Менувам пелени по цел ден, некогаш и повеќе пати во еден час. Перам огромна количина облека, собирам играчки некогаш и по сто пати на ден, заспивам бебиња, играм принцези и змејови со четиригодишно дете полно со енергија, подготвувам појадок, ручек и вечера, учам бои, бројки и букви, форми и комплицирани зборови, се грижам за децата кога се болни.

Читам околу 50 книги дневно и помагам во боењето на неколку слики. Многу ретко имам привилегија да седнам и да јадам, да направам пауза, да погледнам серија или да одам до тоалет без придружба. Јас сум готвач, учител, доктор, чистач, пејач, мајка и жена. Немам боледување, немам паузи, а немам ни малку време за себе.

Да, исцрпувачко е. И да, имам многу работа, но знам и верувам дека и поголемиот број мајки не би го менувале тоа за ништо на светот. Бидејќи во тој хаос и куповите облека се кријат милион моменти кои ме исполнуваат повеќе од што и да е друго на светот. Во хаосот има толку многу радости. На сите мајки им е тешко, без разлика дали се вработени или не. Секоја од нас е мајка 24/7. Затоа да престанеме една на друга да си префрламе што сме или не сме и да ја цениме секоја мајка, вработена или не.

Автор: Живот со Ејми и Вренли



912

X