Лошиот здив кај децата, исто како и кај возрасните, не е невообичаена појава. Како што објаснуваат педијатрите, кај децата лошиот здив првенствено се јавува поради лошите орални хигиенски навики, додека некои други вообичаени причини за оваа состојба се дехидрација, консумирање одредена храна или можни медицински состојби.

Родителите се многу загрижени кога нивното дете има проблеми со лошиот здив, но во повеќето случаи тоа не е причина за интервенција од лекар. Имено, педијатрите и стоматолозите тврдат дека постојат различни причини за оваа непријатна појава покрај јадењето храна која остава непријатен мирис во устата, а меѓу нив се и следниве:

-лоша орална хигиена
-дехидрација и сува уста
-медицински состојби како рефлукс на киселина или зголемени крајници
-одредени лекови кои детето ги зема
-дишење преку уста
-болест на непцата
-расипани заби или кариес.

Исто така, понекогаш децата може да имаат лош здив кога им никнуваат заби. Ова е сосема нормална појава и престанува кога забот ќе излезе на површината. Во случај лошиот здив кај детето да се задржува подолго време – и покрај здравите заби и добрата хигиена, педијатрите ги советуваат родителите да го однесат детето на преглед за да се утврди вистинската причина за појавата.

Извор



912

X