Кога размислуваме за проблемите со кои се соочуваат нашите деца на училиште и на игралиште, често размислуваме за малтретирањето како тема. Се грижиме да не бидат малтретирани, но и да не малтретираат други деца. Ниту еден родител не ги сака ваквите сценарија. Меѓутоа, кога станува збор за малтретирањето, често се заборава дека е можно родителите да бидат „жртви“ на децата. Општо е прифатено дека родителите се тие што се „главни“, па никако не треба да се случува малтретирање на родителите.

Тоа се случува и може да има родители кои сфатиле дека нивното дете е малку насилнички настроено и дека тие често се жртви. Ова може да биде резултат на комбинација на стилови на родителство и личност. Не е само одраз на родителството, туку може да биде мешавина од личноста и стилови на воспитување.

Во ситуација кога децата ги малтретираат своите родители, дојде до промена на моќта. Поради некоја причина, детето верува дека има моќ во врската. Сосема е сигурно дека некои работи ќе треба да се приспособат и променат, а единствен начин да се направи тоа е да се разбере зошто се случува малтретирањето. Што може да направи мајката (или таткото) за да се бори и да му покаже на своето дете дека ова однесување не е прифатливо и дека повеќе нема да се толерира?

Зошто децата ги малтретираат своите родители?

Не постои директен и едноставен одговор на прашањето зошто децата ги малтретираат родителите. Всушност, има многу фактори кои имаат влијание и тие ќе бидат различни за секое семејство. Децата што ги малтретираат своите родители често се етикетирани како „пркосни“ и тие ќе одолеат на секој предлог од нивните родители.

Меѓутоа, ако погледнете подлабоко во личноста на едно пркосно дете, може да откриете дека е малку несигурно. Таквите деца не се чувствуваат препознаени или ценети, а овој пркос, тврдоглавост или вознемирување е нивниот начин да се погрижат да не бидат заборавени. На тој начин го привлекуваат вниманието кон себе и не се грижат што тоа е негативно внимание. Ова може да биде клучен чекор за ставање крај на пркосното однесување – ако мама и тато можат да поминуваат повеќе време во комуникација и поврзување со своето дете.

Најдобрите избори се секогаш најтешки

Кога треба да заземете став за дете кое ве вознемирува, најдоброто нешто што треба да го направите е веројатно и најтешкото – но вреди. Мајката треба да биде на своето место, да има јасни граници и очекувања, а кога тие граници ќе се преминат – мора да има последици. Овде станува тешко бидејќи детето кое веќе ги малтретира мајката и таткото ќе возврати, и веројатно ќе биде тешко. Сепак, доследноста е клучна во овие ситуации и мајката треба да биде цврста. Разговарајте со партнерот, поставете јасни граници и последици и држете се до нив секојпат.

Во ред е да не сте популарни

Кога заземате позиција од која не отстапувате, голема е веројатноста на вашето дете да не му се допаѓате многу. Важно е да прифатите дека нема да бидете „популарни“ и дека вашето дете може да ви каже некои не многу убави зборови. Оставете ги настрана неговите реакции и зборови и едноставно прифатете го фактот дека детето не мора постојано да биде среќно со вас. Особено ако цената е неговото малтретирање насочено кон вас На пркосното дете му се потребни родители кои се држат до правилата и поставуваат граници. Кога ќе му дозволите на вашето дете да „победи“ со своите тактики на малтретирање, тоа ќе продолжи да го прави тоа, па дури и може да почне да се „зајакнува“ во обид да добие повеќе. Со тоа што сте „лоши“, вие сте всушност „добри“.

Грижете се повеќе за себе

Без разлика дали мајката придонела за малтретирање на детето – потребна ѝ е помош. Ако е „прегорена“, нема да може позитивно или значајно да одговори на вознемирувањето. Всушност, големи се шансите да попушти пред барањата на детето бидејќи едноставно нема енергија да влезе во друга битка. Важно е да се најде време за грижа за себе, па така мајката секогаш да биде во најдобра состојба. Само на овој начин – грижејќи се за своите потреби, родителите ќе можат да одговорат и на потребите на своето дете.

Извор



912

X