Бибиверзум

Што ќе им покажеш на Биби и Боби

Ова е вежба по природни науки и е наменета за првачињата

Драги другарчиња, ајде да учиме за местото во кое живееме…
Вежба бр.1. Во првиот правоаголник нацртај град, а во вториот правоаголник нацртај село. Обој ги!
Вежба бр.2. Во втората вежба треба да го обоиш објектот во кој живееш. На пример, ако живееш во зграда, треба да ја обоиш зградата, а ако живееш во куќа, треба да ја обоиш само куќата.
Вежба бр.3. Во третата вежба треба да си замислиш дека Биби и Боби се твои гости.
Потоа треба да нацрташ објекти во твојот град кои ќе им ги покажеш на Биби и Боби.

Уживај во активноста заедно со Биби и Боби!

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top