Некогаш ти се чини дека си заробена во непрестајниот циклус на подготовка на оброк, раскревање, па повторно готвење… и така во круг… засекогаш. Тоа е и всушност за очекување бидејќи децата јадат три оброци и една до две ужини дневно. Но, за некои родители барањата за храна изгледа како никогаш да не престануваат. Некои родителите ги загрижува тоа што нивните деца секогаш се гладни. Тоа може да биде особено тешко за родителите кои се загрижени за тежината на своите деца, поради моменталниот индекс на телесна маса на детето или поради семејна анамнеза на прекумерна тежина или дебелина.

Ако се случила голема промена во апетитот на детето, треба да се јавите на педијатар за да бидете сигурни дека сè е во ред. Но, под претпоставка дека сè е нормално, постојат неколку вообичаени „виновници“ за гладот кој го чувствува детето.

1. Оброци што не заситуваат

Оброци кои откако ќе ги изеде, детето може и понатаму да гладува. Што да се направи: Оброците треба да вклучуваат цели житарици богати со влакна, протеини, овошје и зеленчук. Во ред е некогаш да се изеде храна со „празни калории“, но повеќето од оброците би требало да бидат храна што содржи хранливи материи.

2. Расте

Апетитот на децата се менува од година на година, па дури од ден на ден. (Децата од претшколска возраст се познати по тоа дека јадат многу малку еден ден, а другиот ден се „дават“ во храна). Кога децата ќе почнат да растат, ќе порасне и нивниот апетит, кој може да изгледа невообичаено – па дури тешко можеме да ги задоволиме. Тоа е сосема нормално. Што да се направи: Наполнете ја кујната со здрави, едноставни опции, како сирење, масло, авокадо, житарки, така што гладните деца ќе посегнат по хранлива и здрава храна.

3. Јаде од досада

Или затоа што е загрижено, или нервозно, или возбудено. Емотивното јадење не е резервирано само за возрасните. „Понекогаш за детето – гладен сум – значи дека му е здодевно, дека е вознемирено или едноставно сака да јаде“, вели Мериен Јакобсен, авторка на книгата „Како да израснете свесен јадач“. Што да се направи: Разговарајте со своето дете за гладувањето, ситоста и важноста на слушањето на својот стомак. Ако испадне дека детето всушност не е многу гладно, можете да разговарате за она што навистина го чувствува и да се обидете да му помогнете. Планираните оброци исто така може да помогнат.

4. Жедно е

Не е реткост жедта да го замени гладот. Децата може толку да се окупираат со играње, што да заборават да пијат течности. Што да се направи: Објаснете им на своите деца дека понекогаш може жедта да ја помешаат со гладот. Ако навистина се гладни, во ред е да им се послужи здрава ужина, но паметно е да се провери дали се жедни.

Автор: Карина Шиждрак

Извор



912

X