Ручекот за на училиште треба да им даде енергија на децата. Но, како треба да изгледа и што треба да содржи? На таа тема зборува Сара Ремер, мајка и диететичар.

Што треба да содржи ручекот за на училиште?

Клучот е храната да биде богата со потребните состојки и да има разновидност и баланс. Така што, најдобро е ручекот да содржи парче овошје, зеленчук, житарици, месо или замена за месо и млечни производи или замена за нив. Во житарици спаѓаат домашни мафини, овесна каша, паста, киноа и леб. Треба во храната да има многу растителни влакна за децата да имаат енергија. Потребни им се и протеини за да ја одржат енергијата во текот на денот. Па тука спаѓаат месото, рибата, грав, млечни производи. Овошјата и зеленчуците може да се понудат свежи, но и цедените сокови се добра опција.

Како да знаеме колку храна е доволна?

Треба да се вклучи по еден примерок од секоја група и можеби и мал десерт, односно ужина. Водете сметка и за храната што ја имате дома да не ја фрлате, но важно е да се запомни дека апетитот на децата може да биде голем. Додека растат, и апетитот расте, а кога децата не се чувствуваат добро или не се активни, се намалува. Охрабрувајте ги децата да си го слушаат сопственото тело.

Како можам да направам здравата храна да изгледа попривлечно за децата?

Бидете позитивни и не вршете притисок. Не принудувајте ги децата да јадат здрава храна, туку нудете им голем избор на здрави намирници. Имајте позитивни разговори за храната и вклучете го детето во подготовката. Кога го пакувате ручекот, дајте му на детето структуриран избор: понудете две или три опции за секоја група и оставете го детето да избере. Ако зеленчукот го враќа дома недопрен, обидете се да додадете сос или нешто за мачкање.

Дали има нешто што родителите го ставаат во кутиите со ручек, а не би требало?

Не верувам дека има „погрешна“ храна. Додавањето мал десерт или слатко задоволство не штети многу – и го учи детето на умереност.

Автор: Кери Марш

Извор



912

X