На американскиот блог Quora.com можете да поставите прашање од која било област. Една мајка ја интересирало како да им објасни на своите деца тинејџери дека скапата и брендирана облека и таквите обувки не ја одредуваат нивната вредност. Одговорот што го доби од друга мајка на две деца стана вистински хит.

– Многу лесно! Кога јас го поминував тоа со моите деца, кога беа тинејџери, се уморив постојано да им го објаснувам тоа што ти го постави како прашање, па проблемот им го префрлив ним.

Секоја година, на почетокот од учебната година, од нив барав да направат список со сето она што треба да се замени во нивниот плакар – долна облека, капути, ранци, патики, зимска опрема, па дури и опрема за скијање!

Тие го печатеа списокот и ми го даваа, а потоа го прегледував и го означував она што сметам дека е размуна цена за секоја од споменатите работи, а потоа правевме вкупна сметка за секој список (по дете).

Секогаш излегуваше најмалку 500 долари за зимската сезона, а помалку за летната.

Но, тука доаѓа мојот генијален потег!

Им извадив дебитна картичка на двете деца, со износ што  сметав дека е фер и разумен, а опфаќаше речиси сè од списокот. Картичките обично се користат околу три години, осигурани се, така што и да ја изгуби детето, не ги губи парите, а можете да проверите каде и на што ги потрошило.

Така, им дадов картичка и „Шопинг-правила во нашиот дом“.

1. Морате да купите сè што е на списокот, користејќи ги само парите што ги ставив на вашите картички. Без надминување. (Сакаш да трошиш 300 долари на патики? Во ред, ама ќе мораш да носиш стара јакна, фармерки, фустан со дамка, стара долна облека во текот на целата година. Животот е составен од избори).

2. Не смеете да купите ништо што не може да се носи на училиште бидејќи го прекршува дрес-кодот на училиштето (секако, претходно направивме договор и очекувања околу стајлингот за излегување, забава, плажа. Само сум штедлива, не сум лоша или луда).

Дали знаете кој е генијалниот потег? Ако им останат пари по купувањето, можат да ги задржат. Сами одлучуваат што ќе прават со нив.

Со ваквата организација притисокот околу вредноста на парите е врз нив. И каков е резултатот?

Одеднаш, патиките што чинат 250 долари (за деца што не се спортисти), стануваат толку неразумни за купување дури и за нив кога можат да заштедат 200 долари и да си купат добри патики и за 50 долари што сами ќе ги изберат.

Одеднаш, моите деца станаа одлични купувачи кои ги споредуваа цените и она што го добиваа за одредена цена. Нема да верувате дека вашите деца, кога ќе ги разгледаат сите понуди на попуст, ќе одлучат да купат нешто за 9 долари наместо нешто за 29 долари.

Но, што е најдобриот дел од приказната за мене како родител? Никогаш повеќе не се соочив со ужас, лутење, исцрпеност, фрустрации, трескање врати, стрес…

И на крај, нема повеќе ужасни дискуии и расправии за тоа дека парите не ни паѓаат од небо, дека секој живее со буџет со кој располага или објаснувања дека мораме да останеме во рамките на буџетот со кој располагаме за да можеме да правиме и некои други забавни работи.

Стресот околу овие работи засекогаш исчезна.

За нив, шопингот стана спорт што подразбира дека сами треба да ја донесат одлуката, но исто така имаат контрола над нивните картички, како и можност да го имаат сето она што им е потребно, само по прифатлива цена, бидејќи се мотивирани со парите што им остануваат.

И да, сега повеќе не велат: – Мамо, купи ми…, туку: – Сакам да си купам…

Ми беше интересно да гледам децата како одлучуваат за работи. За тоа да имаат ранец што ќе го користат малку подолго за да си овозможат поквалитетни работи како чевли од кожа што подолго ќе траат.

Има и прашања како: – Мамо, ова ќе го купиме со мои или со твои пари?, но тоа обично се однесува на работи што не спаѓаат во облека и обувки, туку кино, книга и слично. Поентата е дека почнаа да обрнуваат внимание на тоа како и на што ги трошат парите. Сега размислуваат пред да  да купат нешто.

Секако дека јас плаќам за кино или семејно излегување, но повторно тоа е победа за мене како родител.

Овој систем го пробавме и за матурската вечер. Се држеа до својот буџет бидејќи ако го надминеа, ќе мораа да надоместат со своја заштеда, пари или заработка.

Кога почнав да ја практикувам оваа метода, децата имаа 4 и 14 години и одлично се снаоѓаа. Исто така, морам да напоменам дека овие дебитни картички не се поврзани со ниту една моја банкарска сметка.

Извор



912

X