Воодушевена сум од моите деца. Мојот најмлад син има 7 години. Неговите сестри-близначки имаат 9. Моето најстаро дете, исто така, девојче, има 11. И тие се воодушевени и од мене, сè уште. Пријатно ни е и не се засрамуваме меѓусебно. Ни треба нешто друго освен ужина и разговор за да бидеме нахранети – со љубов и восхит. Да, на крајот од секој ден јас сум очајна и сакам да престанат да зборуваат со мене, но следниот ден копнеам да слушнам за сето она што им се случило. Кој со кого играл и слично. Секој ден носат дома ново знаење, бубачки во тегла и изгребани колена и сето тоа сакаат да го споделат со мене.

Откривме мирно, коегзистирање кое ни влева задоволство овие претшколски денови. Моите мали деца станаа мали човечиња. Имаа идеи, имаа планови. Се шегуваа, со навистина несмешни шеги, бидејќи сè уште не го разбираат добро хуморот, но нивниот интерес е доказ дека нешто големо се случува. Конечно поминаа годините кога беа малечки, време кога јас чувствував дека живеам на емоционален кредит. Им должев, плаќајќи им со менување на пелените, справувањето со изливи на бес во јавност и лепливите подови под нивните столчиња за јадење. Се надевав дека ќе имам попладневна дремка еднаш или двапати годишно. Можеби болката и страдањето од тој период би ги ублажиле превртувањата на очите или изјавите од типот „но сите одат, мамо“, кои замислував дека ќе ги слушам во текот на тинејџерските години.

Пубертетот, тоа внатрешно чудовиште кое лежи и чека цела деценија, полека почнува да влегува во нашите животи

Но, сега тоа ме плаши, можеби повеќе отколку што ги плаши моите 11-годишници. Пубертетот, тоа внатрешно чудовиште кое лежи и чека цела деценија, полека почнува да влегува во нашите животи. Сигурно ќе предизвика многу трескања на вратите. Нивни и мои. Го гледам пубертетот како ѕирка кај моето најстаро дете, а понекогаш и кај близнаците и си мислам – имаат 9, а одат накај 19. Можам само да замислам каков ќе биде животот со адолесценти. Можеби во блиска иднина мојот син ќе дојде дома и веднаш ќе отиде во собата наместо да помине низ домот и да каже „Дома сум! Има колачиња?“ Еден ден тоа ќе биде мојот син, момче кое ќе се претвори во нерасположен тинејџер. Потта и мирисот од облеката и нозете ќе се појават.

Веќе тоа се случува со моето најстаро дете одвреме-навреме. Некои денови таа е интензивно загрижена, од никаде, за својата коса и облека. Ќе сака да си игра со мојата шминка, обидувајќи се да создаде сопствена личност. Се грижам дека нештата помеѓу нас ќе станат непријатни. Кога ќе се разбудат од спиење, нема да има дискусии, туку некакво мрморење и врева наместо зборови.

Дали не поставив добри основи за следната деценија да помине добро?

Некогаш ми недостигаат малите верзии од моите деца. Сега се обидувам да разговараме за да се сеќавам на нив кога ќе станат молчеливи тинејџери. Уште сум тука, живеејќи со деца кои сакаат да се дел од ова семејство, во мое друштво. Но, некогаш моето најстаро дете не е сосема присутно.

Како што растат и чувствувам дека се втурнуваат во времето кое знаев дека ќе дојде, времето да пораснат, се прашувам дали пропуштив нешто, дали не поставив добри основи за следната деценија да помине добро. Се грижам дека нема да си одговараат со мене повеќе, ниту рака за рака ниту срце за срце. Се грижам дека ги надраснале невидливите прегратки кои нè држат поврзани. Сфаќам дека некогаш чувствував некаква сопственост над нив. Сега, имам чувство дека го повторуваат следното, без да кажат збор: „Не ти припаѓам тебе“. Зошто сум толку свесна каде започнуваат тие и каде завршувам јас? Дали секогаш сме биле различни луѓе? Се колнам дека имаше време кога сите бевме дел еден од друг.

Имам чувство дека се подготвуваат да заминат, не само од мене, туку од детството кое го изградивме заедно. Но, знам и дека сè уште сме во него и повеќето денови сакаат и бараат прегратка. Но, можам да ја видам и блиската иднина. Се надевам дека ќе дојдат во кујната барајќи прегратка или да играме карти заедно, како што ги научив. Или ќе сакаат да одиме на филм или на ручек и ќе се смееме заедно. Можам да видам дека луѓето во кои прераснуваат никогаш не биле мои, не за да ги задржам, туку да пораснат и да излезат во светот. А тие луѓе не заминуваат, тие прераснуваат во нешто поголемо, што не е иста работа, и тоа не е до мене.

Автор: Никол Ли Шо

Извор



912

X