Справувањето со стресот е важен дел од одржувањето на целокупната ментална, емоционална и физичка благосостојба. Начините за намалување на стресот можат да ви помогнат да се справите со многуте подеми и падови што доаѓаат со обидот да забремените. Во продолжение прочитајте 4 начини за намалување на стресот.

Воспоставете мрежа за поддршка

Периодот до зачнување може да биде осамен, тежок и фрустрирачки. Затоа е важно да имате поддршка, некој што минува или поминал низ такво искуство. За среќа, денес постојат безброј начини да се поврзете со други жени кои се обидуваат да забременат. Приклучете се во групи за мајки на портали и форуми. Ќе научите многу, ќе најдете утеха и охрабрување. Чувството дека не сте сами ќе ги намали анксиозноста и стресот и ќе имате со кого да ги споделите вашето искуство и чувства.

Поставете граници

Иако прашањата или коментарите од луѓето околу вас можеби се добронамерни, сепак може да ве вознемират. Затоа, во ред е да им поставите граници на луѓето што може да ве прашаат, а што не, кога станува збор за вашата плодност. Ако ви е непријатно да зборувате, замолете го вашиот партнер да го направи тоа. За време на ова напорно патување вашата ментална и емоционална благосостојба е најважна.

Комуницирајте со партнерот

Потпрете се на помошта на вашиот партнер додека се обидувате да забремените или можеби се борите со неплодност. Кажете му ги вашите потреби и дајте му јасни упатства што да прави за да го поддржи вашето ментално и емоционално здравје и да го намали нивото на стрес. Многу жени мислат дека партнерот го знае ова, но обично не е така. Мажите сакаат да дадат поддршка, но не знаат како, а нивните обиди може дури и да ја влошат вашата состојба.

Направете додатоци за самопомош

Клучно е да имате повеќе од една стратегија за самопомош бидејќи секој ден и ситуација се различни и бараат соодветен модалитет за намалување на стресот. Некои денови ќе ви треба повеќе физичка активност за да ја намалите анксиозноста, како што се вежбање, јога или прошетки со пријателите. Понекогаш ќе ви треба одмор, медитација или сон.

Без разлика каде сте моментално на патот кон родителството, грижете се за себе, за вашето ментално и физичко здравје.

Извор



912

X