Денес сакам да пишувам за тоа како е да се биде родител. Да се биде носител на најодговорната истовремено и привилегија и обврска, во овие мачни времиња на искривоколчени вредности, на деформирани визири, на тешко прифатливи и објасниви апсурди кои како животен амбиент се баласт и за нас возрасните. За децата кои сме ги создале и пред кои стоиме – уште повеќе. Да се биде родител, како едно од најсилните човечки стремежи, настојувања и желби – денес кога не е лесно на детето да му го објасните правилното, да му го посочите грдото и да му ја всадите убоста како целоживотен наратив, а притоа да му го издржите и погледот и прашањето: „На која планета си, родителу?” Секако, во позиција да веќе и не сте сигурни дали можеби не сте згрешиле кога сте го втурнале во виулица која се вика Живот, а сте го научиле дека ќе е доволно самото да е топло и нема да му студи. Кој да знае.

Не е лесно. Живееме во современите калапи и заталкувачки лавиринти во кои вредностите се сменети, а ние како родители се обидуваме да бидеме на висина на задачата како воспитувачи. Од она на што сведочиме, сите знаеме дека не успеваме најдобро да ја одиграме таа улога.

Ова се дел од поентите во колумната на Елизабета Секирарска, професорка во средно училиште.

Прочитајте ја на Факултети.мк.



912

X