Воспитување

Престанете со правилата за мајките!

Лута сум. Имам чувство дека работите никогаш нема да престанат да се натрупуваат, ниту дека тие купови ќе се намалат. Треба да се перат алиштата. Да се среди куќата. Формулари, задачи и хуманитарни акции. Треба да се нахранат гладните стомаци. На мојот растечки тим му треба (и заслужува!) силен и моќен лидер.

Притисок! Од сите страни!

Треба да го шетате кучето. Автомобилот треба да се измие. Пријателствата треба да се одржуваат. Моето сандаче со пораки ќе експлодира. Пораки што никогаш не добиваат одговор. Животните правила можат да бидат толку многу исцрпувачки.

Не дозволувајте им на децата да поминуваат премногу време пред екранот. Чувајте ги подалеку од таа и таа апликација и од таа и таа веб-страница. Погрижете се никогаш да не ја заборават чантата или закуската. Да не доцнат кога одат некаде. Запомнете каква боја треба да биде дресот за натпреварот.

А да – грижете се и за вашиот брак затоа што богами тој целосно ќе се распадне во секундата кога за трошка ќе го запоставите.

И, секако, оставете доволно време за себе и за одмор, бидејќи во спротивно ќе се распаднете.

Не дозволувајте децата да јадат нездрава храна. Не викајте им затоа што тоа ќе стане начинот на кој ќе зборуваат и тие.

И секако, спијте цели осум часа.

А потоа доаѓаат оние рани години. Не барајте епидурална. Платнени пелени + домашна храна за бебиња + немојте да ги храните со шише бидејќи доењето е најдобро + не дозволувајте да се успијат самите со плачење бидејќи ќе се чувствуваат напуштени и осамени кога ќе пораснат.

Да, сето ова многу ме лути денес.

Затоа што сите со кои разговарам едвај успеваат да скрпат крај со крај и се под неверојатен стрес. Буквално. Сите. И сите имаат чувство дека се сами во сето ова.

Сами – тоа е лага.

Ужасна сум кога е во прашање перењето алишта и нема да имате многу корист од нас на добротворните настани затоа што едноставно немам време (и заборавам!). Сите мои три деца понекогаш самите се успиваа плачејќи, бидејќи моето спиење и сон се клучни фактори за децата да имаат стабилна + среќна мајка.

Моите деца понекогаш забораваат работи, а јас им ги носам ако веќе можам (иако се вели дека не треба да биде така, туку дека треба да научат нешто за одговорноста од тоа искуство). Мислам дека тоа е глупаво. Верувам во грациозноста. Избирам да ги учам моите деца за одговорност на различни начини, како секојдневни задолженија + заштеда на половина од нивните пари + многу други работи.

Моите деца никогаш не носеа платнени пелени + се обидов да им правам бебешка храна и набрзо сфатив дека едноставно не сум таква мајка. Наместо тоа, правевме (и сè уште правиме) разни неуредни активности со нашите раце (тоа е повеќе мој стил!).

И бракот. Ха! Тоа е постојана плима и осека на доброто, лошото, најдоброто на светот, најлошото можно и постојаната истрајност во одлуката да останеме заедно и покрај сè. Секогаш се приспособуваме и го поправаме она што не функционира и поради тоа сме посилни.

И иако верувам во здрави навики за спиење, одамна ја преболев идејата дека ако не спиете осум часа дневно, го загрозувате вашето здравје.

Некои од нас страдаат од анксиозност која нѐ труе среде ноќ. Несоницата ни го краде одморот. Последното нешто што некој го сака во таквите моменти е да се чувствува нездраво.

А мајките што имаат мали бебиња… да бидеме реални. Што беше тоа спиење?

И секоја чест на едната и единствена мајка на светот која никогаш не прави врева. Навистина би сакала да те запознаам! Веројатно си полуробот!

Сите!!! Едноставно престанете.

И одете понекогаш во „Мекдоналдс“ и одморете се од готвењето.

Автор: Кристи Квин Маршал

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top