Сите ги обожаваме овие денови, па затоа предлагаме неколку здрави совети во комбинација со многу забава и добри семејни моменти, велат лекарите од клиничката болница „Жан Митрев“.

Комбинациите на храна се најважни

Многу често храната за празниците е направена со повеќе сол, зачини и маснотии кои ја отежнуваат работата на нашиот организам и лесно доведуваат до надуеност, отоци и непријатност. Ограничете го внесот на храна, комбинирајте млечни производи со салата или месо со салата, но одбегнете ги лебот и пржените специјалитети кои ќе ви ја намалат енергијата во овие прекрасни денови.

„Не“ за прејадувањето

Да одбереме помали порции со лесна храна и повеќе зеленчук. При сервирање на храната не преполнувајте ги чиниите и бавно јадете ја храната, со цел желудникот да има време да даде сигнал до мозокот дека сте сити и дека немате потреба од повеќе храна.

Следното утро ќе се чувствувате лесно и подготвени за следните дружења.

Контрола на пијалаците

Здравиците за убави желби во следната година се нормални моменти од заедничките прослави кои некогаш може да завршат и со екстра празни калории од алкохолот.

За да ги одбележите овие моменти, внесете лесни пијалаци, минерална вода, чаша вино, но одбегнете ги мешавините кои само ќе ви дадат килограм повеќе по празниците.

Здравата храна може да биде дел од сечија трпеза

Подгответе интересен и нов рецепт кој ќе биде со помалку шеќер или овој пат згответе го омиленото месо со динстање. Направете повеќе салати, а како гарнир испечете зеленчук со малку сос од бадеми. Малите промени во трпезата водат кон големи промени во новата година, а со тоа го негуваме телото за да постигнеме добро здравје и баланс.



912

X