Секое попладне, кога моите деца влегуваат дома откако завршило училиште, им поставувам едно прашање:
– Кон кого бевте љубезни?
Понекогаш тие размислуваат долго, за на крај да ми речат дека биле љубезни кон нивниот наставник бидејќи не навлегле во неволја разговарајќи на час. Другпат љубезноста се чувствува низ нивниот говор:
– Го насмеав Џои.
– Бен изгледаше тажно за време на ручекот, па седнав до него.
– Ѝ помогнат на Џоси кога ѝ паднаа книгите.
– Рајан дојде со мене во амбулантата кога ме удрија в лице на физичко.
Понекогаш им поставувам повеќе прашања за нивниот ден: – Со кого седеше за време на ручекот? Дали имаш домашни задачи? Како беше тестот по математика?

Но, овие прашања имаат мала важност – барем помала од првото прашање поврзано со љубезноста. Бидејќи, ако сум навистина искрена, воопшто не ми е важно за домашните, математиката и слично – барем не колку што ми е важно да бидат љубезни.
Растењето е тешко. Исто и родителството. Животот е проклето тежок. Единствено нешто што можеме да направиме е да бидеме љубезни едни кон други. А постојат неколку работи што ме исполнуваат со радост и гордост: кога ќе видам дека моето дете е љубезно кон некој или кога ќе видам дека некој бил љубезен со моите деца.
Моите деца не се извонредни ученици. Но, знаете што? Не се ни грижам за тоа. Буквално не ми е гајле. Бидејќи минатата година, кога еден родител ми кажа дека мојот син беше љубезен кон неговото дете, моето срце се исполни со гордост што не можам да ја опишам. Ме исполни на таков начин на кој ниту една оценка не би ме исполнила. А подоцна, кога му кажав на син ми дека е одличен пријател, погледот на неговото лице ми покажа дека и тој го почувствувал тоа.
„Не биди лоша“, е мотото за многу родители, но искрено мислам дека не е доволно. Потребно е многу повеќе за да се неутрализира овој гас на токсичност во кој моментално пливаме. Ќе биде потребна намерна и храбра љубезност.
А сега, извинете ме, моите деца само што пристигнаа дома, а јас морам да им поставам едно важно прашање.
Автор: Кристин Орган



912

X