Замислете дека стоите на работ од базен или друга водена површина, а водата „танцува“ на вртоглаво растојание под вас. Првпат ви е да сте пред толкава длабочина, а вашите прсти се насочуваат кон непознатото. Вашиот тренер стои пред вас и ви вели: „Во ред, доста е одложување“ и ве турка од работ.

Вашиот начин на влегување во водата може да биде различен, но доколку има туркање, тогаш чувството е застрашувачко. И откако ќе помине долго време од тој настан, вашиот однос со тренерот ќе биде базиран на недоверба, лутина, срам, одбивање. Многумина би препознале дека тоа не е ефикасен начин за тренирање.

А, сепак, често се случува ваквиот пристап – односно децата се тренирани на ваков начин, сметајќи дека туркањето е пат кон независноста. Ова туркање кон независноста има многу форми: кон независно спиење, независно одење во тоалет, одвојување од родителите, подготовка за на училиште или подоцна во животот – иселување од дома. Како и во споменатиот начин за учењето да се нурка, и кај овие животни моменти се создава штетата кога ги тераме децата да ги остварат животните цели на тој начин, а сè што всушност им е потребно е поддршка, охрабрување и смислата за конзистентност кај децата. Туркањето кон независноста кај децата не е универзална работа.

Кога безбедната зона (родител, старател) е присутна и достапна, децата повеќе истражуваат нови средини

Социјалните притисоци врз родителите за да одгледуваат деца кои си се доволни сами на себе се највисоки во западните општества како Австралија, Велика Британија и САД. Овие притисоци имаат корени во културата:  татковците на западната психологија ги советувале родителите да го задржуваат вниманието што треба да биде упатено кон децата за да поттикнат независност и продуктивност кај децата колку што е можно порано.

Но, по децении истражување следејќи ја работата на Хери Харлоу и Џон Баулби, психолозите сега знаат дека вистинско е спротивното: Недостигот на покажување љубов и поддршка кога тоа е најпотребно е всушност „опасен инструмент“ за развојот на детето, а чувството дека сте турнати од работ во осаменоста произведува „рана која никогаш не зараснува“, додека болката од таа рана останува и во возрасната доба.

Се заклучува дека децата што можат да зависат од оној кој се грижи за нив (родителот) и го сметаат за „безбедна зона“ – ќе можат и самите да реагираат кога за тоа ќе има потреба и ќе се стекнат со самодоверба да го истражуваат светот и да ги надминуваат предизвиците. Овој феномен е видлив низ илјадници опсервации на родители и деца. Кога безбедната зона (родител, старател) е присутна и достапна, децата повеќе истражуваат нови средини, ако нивната безбедна зона ја напушти собата, нивното истражување се намалува. Чувството на доверба во родителот е она што им дава на децата чувство дека некој ги поддржува и чува, па со тоа кај нив растат внатрешните ресурси, а следствено на тоа тие се формираат во успешни, независни возрасни. Во општество кое ги притиска децата и возрасните кон хипернезависност, идејата за поврзување како основа од која здравата независност може да расте е и радикална и моќно трансформативна.

Сега замислете повторно дека сте на работ од базен или водена површина. Но, овој пар тренерот се однесува како ваша безбедна база, велејќи: „Знам дека е застрашувачко, но јас сум тука за тебе. Работеше напорно и јас сум сигурен дека ќе бидеш во ред, дури и ако направиш грешка. Кога си подготвен, вдиши длабоко и направи го тоа. Јас ќе те чекам за да ми кажеш како било кога ќе заврши“. Безбедната база во овој случај не ве остава на цедило. Но, сè уште треба да го направите потребниот чекор. Сепак, овој пат искуството е поразлично: не сте сами, околу вас се шири смисла за сила, топлина и самодоверба. Поддржани сте, смирени од присуството на личноста и уверени сте дека ќе бидете поврзани со нешто и некого и покрај вашиот страв.

Можеме да бидеме такви лица за нашите деца додека се соочуваат со своите животни предизвици, подготвени да го направат следниот чекор: кога почнуваат на училиште, кога се справуваат со насилници, кога се обидуваат со некое хоби или кога одат на факултет. Кога чувствуваме потреба да ги турнеме кон независноста, најдобро е да се запрашаме: „Што би направил човекот кој е безбедна база за детето?“

Автор: Џеси Стерн

Извор



912

X