Воспитување

„Повеќето родители не се лоши – тие се добри луѓе со погрешни алатки“

Кога психотерапевтот Филипа Пери, по години пишување и долгорочно истражување, го заврши првиот нацрт за нејзината книга за подобрување на односите меѓу родителите и децата, таа го испратила нацртот до нејзината уредничка, по што нивната врска веднаш пропаднала.

– Чувствуваше како книгата да е пишувана за неа. Има тинејџери, па се разбира, понекогаш им велеше: „Станувајте од кревет, мрзливци“. Значи, она што го напишав директно ја погоди во срцето – вели Пери, која се залага да не се нарекуваат децата со вакви имиња.

– Иако очекував голем дел од родителите да имаат аверзија кон книгата, всушност, имав неверојатни повратни информации. Сфатив дека мојот бес кон моите родители излезе во самата книга. Затоа повторно ја напишав и сега е уште подобра – вели таа.

Што се однесува до односот со нејзината уредничка, Филипа вели дека сите односи се соочуваат со прекини и поправки, па така нивниот однос сега е подобрен. Резултатот на сето ова раскинување, прекини и подобрување беше генијално насловената книга „Книгата што посакувате вашите родители да ја прочитале (и вашите деца ќе бидат задоволни што сте ја прочитале“. До денес, книгата е продадена во повеќе од 240.000 примероци и не е тешко да се разбере зошто: Филипа пишува со внимателна елеганција, која ретко се наоѓа во упатствата за родителите. Генерално, станува збор за убедлива книга која успеала да го промени родителскиот стил на луѓето што ја прочитале.

Примарната порака на Филипа е дека родителите треба да ги признаат чувствата на своите деца наместо да ги негираат („Не биди будалест“ или да ги отстрануваат („Не плачи, ќе ти купам сладолед“).

– Ние го правиме тоа затоа што сме така воспитани и го копираме она што го правеле нашите родители. Болно е да се признае дека детето има несреќни чувства – пишува таа.

– Кога си терапевт толку долго време, како што сум јас, сфаќаш дека повеќето родители не се злобни. Тие се прекрасни луѓе на кои им се дадени погрешни алатки. Ги сакаат своите деца, но со нив се однесуваат како да се домашни обврски. Кога имаш различни идеи од тие на твоите родители, мислите дека не се во ред – вели таа.

Голем дел од родителите се ограничени од очекувањата поставени од нивните родители.

– Мојот општ пристап е дека ако е добро за мајката, тогаш добро е за бебето и ако тоа значи дека треба да го легнам порано за да гледам серија, тогаш тоа е победа за сите. Филипа вели: „Фазата за потребата на бебето е само фаза, додека нашата работа, нашите пријатели и другите активности за слободно време можат да се реализираат тогаш кога не му сме толку потребни на ова мало бебе“. Секако, постојат и некои моменти во книгата што за мене се речиси нереални, како на пример, кога Филипа отишла во супермаркет со нејзината ќерка Фло, па застанале на сред пат за нејзината ќерка да ја гледа мравката. „Сфатив дека не е важно кога ќе се вратиме“, пишува во книгата. Ако застанував секојпат кога едно од моите деца сакаше да гледа нешто на тротоарот… – пишува Хедли Фриман, новинарка во „Гардијан“.

– Да, никогаш не би стигнала дома – вели Филипа.

– Се согласувам, многу е потешко кога имаш повеќе деца и токму затоа во книгата додадов поглавје за браќата и сестрите. Едно од правилата во новото поглавје е да не ги нарекуваме децата „деца“, туку да ги гледаме како индивидуи. Важно е да имате индивидуална врска со секое од нив, бидејќи тие не се аморфна грутка – вели Филипа.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top