Воспитување

Постојат докази дека тинејџерите отсекогаш биле тинејџери, дури и во античко време

Тинејџери. Понекогаш тие се едноставно невозможни. Можеме да се шегуваме со нив на различни начини, а иако илјадници филмови се снимени и илјадници различни шеги се измислени на оваа тема, ние можеме да се згрозуваме од нивното однесување и тие пак нема да се сменат многу. И често ни се чини дека со новите генерации работите стануваат полоши. Не се лоши, се разбира, но понекогаш е тешко справувањето со нив. И секогаш ни се чини дека порано било полесно да се биде тинејџер, како и да се биде родител на тинејџер.

Па, не е така. Излегува дека да се биде родител на тинејџер било исто толку тешко многу, многу порано. Назад во античка Месопотамија. Ова го потврдува историчарката д-р Есме Џејмс во нејзиното видео на „Тик-ток“, кога споделила една од нејзините омилени антички реликвии од античкиот свет: писмо од тинејџер.

-Ова писмо го имаме од античка Месопотамија, кое во суштина е само писмо од дете тинејџер кој ѝ се жали на мајка си за квалитетот на неговата облека. Писмото го толкувал од глинена плоча А. Лео Опенхајм во своето дело „Писма од Месопотамија“, а точната содржина гласи вака:

„Кажете ѝ на госпоѓата Зина дека Идин-Син ја испраќа следнава порака: Од година на година облеката на младите господа овде станува сѐ подобра, а вие дозволувате мојата облека да се влошува од година на година. Навистина, вие упорно ја правите мојата облека посиромашна и пооскудна. Во време кога кај нас се троши волна како леб, ми направивте сиромашна облека. Синот на Адад-Идинам, чиј татко е само помошник на татко ми, има два нови комплети облека, додека вие се расправате со мене за една облека. И покрај тоа што вие ме родивте, а мајка му него само го посвоила, неговата мајка го сака, а вие мене не.“

-Луѓето отсекогаш биле луѓе. Можеби нè раздвојуваат векови, но тинејџерите се секогаш тинејџери. Сега тие би се бранеле, а ние би рекле дека оваа генерација е полоша од која било досега, дека не знаат како да се однесуваат и немаат почит кон возрасните…- вели Џејмс во видеото.

@dr.esme.louise brat anthem of the Ancient World 💚 #KinkyHistory #stitch with @Pat Mandziy Translation: Oppenheim, A. Leo (1967). Letters from Mesopotamia: Official, Business, and Private Letters on Clay Tablets from Two Millennia. Chicago: University of Chicago Press. #AncientWorld #History ♬ original sound – Dr. Esmé Louise James

Во продолжението на видеото Џејмс зборува за уште едно интересно откритие, текст преведен во 1913 година:

-Живееме во доба кога сè е гнило, а младите повеќе не ги почитуваат родителите. Безобразни се и нестрпливи. Често се во меаните и немаат контрола.

Значи, ова е текст напишан од Нарам-Син, владетел на Акадското Царство, кој владеел од 2255 до 2218 година пр.н.е., односно пред Христа. Сè на сè, следниот пат кога вашиот тинејџер ќе биде особено невозможен и ќе се однесува како тинејџер, немојте да мислите дека ви е потешко отколку на сите генерации претходно… Родителите ги трпат речиси истите работи веќе илјадници години.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top