Кога ќе се спомене интелигенцијата, сите прво помислуваат на добра логика, брзи пресметки и генерално талент за математика. Но, тоа е многу ограничено размислување бидејќи постојат повеќе видови интелигенција. Според психолозите, вкупно четири.

1) Коефициент на интелигенција (IQ)
2) Емоционален коефициент(EQ)
3) Социјален коефициент(SQ)

и четвртиот, за кој најмалку се зборува и кој тешко се преведува:
4) Коефициент на неволја (AQ)

Коефициентот на интелигенција (IQ) го мери нивото на разбирање. Овој вид интелигенција ви е потребен за да решавате математички задачи, да запомните нешта и да се потсетите на научените лекции.

Емоционалниот коефициент (EQ) ја мери способноста да одржувате добри односи со луѓето околу вас, да бидете точни, одговорни, искрени, да ги почитувате туѓите (како и вашите) граници, да бидете скромни, отворени и внимателни кон другите. Овој коефициент е висок кај луѓе што имаат развиено емпатија и чувство за туѓите потреби и емоции, како и за нивните.

Социјалниот коефициент (SQ), всушност, ги мери социјалните вештини и способноста за градење пријателства и нивно одржување и зачувување со текот на времето.

Ако вашето дете има висок EQ и SQ, има поголеми шанси да постигне поголеми и подобри работи во животот од некој со повисок коефициент на интелигенција, но не толку висок EQ и SQ. Повторно, и покрај ова, повеќето училишта се фокусираат на подобрување на нивоата на коефициент на интелигенција, додека EQ и SQ се прилично занемарени.

Личност со висок IQ многу лесно може да се вработи пониско во хиерархијата од личност со повисок EQ и SQ, дури и ако има просечен коефициент на интелигенција.

EQ го претставува карактерот, додека SQ е харизмата што човекот ја носи во себе.

Но, не смееме да го заборавиме четвртиот, „нов“ тип на интелигенција:

Коефициентот на неволја (AQ) ја мери способноста на човекот да се справи со тешките ситуации во животот и да се извлече од неволјите без губење на ентузијазмот и разумот.

Кога некое лице се соочува со проблеми, AQ е тој што одредува кој ќе се откаже, кој може да го напушти своето семејство и кој може дури и да изврши самоубиство затоа што не може да се бори.

Затоа, родители, ве молиме – работете со вашите деца и на други работи освен на развивање академски вештини. Треба да ги научите дека физичката работа не е казна или товар, дека треба да ги сакаат спортот и уметноста.

Додека работите толку напорно за да го развиете нивниот IQ, не заборавајте ги EQ, SQ и AQ. Ваша задача е децата, освен математиката и добрата меморија, да имаат и способност да прават многу работи независно од нивните родители.

Или, накратко – не подготвувајте го патот за вашите деца. Наместо тоа, подгответе ги вашите децата за патување.

Извор



912

X