Иако мажите денес се многу повеќе вклучени во одгледувањето на децата и им помагаат на своите жени во домаќинството, сепак, сето она што е во рамките на домаќинството и емоционалното здравје на децата и понатаму е обврска главно на жените, без оглед дали се вработени или не.

Заедно со сите одговорности што ги има кон семејството, постојаната грижа е штетна за менталното здравје на мајките, покажува едно американско истражување чии резултати неодамна беа објавени во списанието „Улога на половите“.

Оваа емотивна посветеност на мајките кон децата научниците ја нарекле „невидлива работа“ за да можат да измерат колку и на кој начин постојаната грижа за семејството влијае врз здравјето на жената.

Тие откриле дека „невидливата работа“ е поврзана со чувството на преоптовареност и празнина во секојдневниот живот на жените.

Истражувањето опфатило 393 жени од средна класа со деца под 18 години. 90 отсто од нив изјавиле дека исклучиво тие го организираат семејниот живот, 80 отсто од нив се грижат и за училишните обврски на децата, комуникацијата со наставниците и професорите, слободните активности, додека две третини чувствуваат дека само тие, а не и татковците, ги исполнуваат емоционалните потреби на децата.

Накратко, американското истражување покажало дека жените на многу начини и понатаму се главни и одговорни родители, дури и ако се вработени со полно работно време.

– Благодарение на мажите, жените денес имаат помалку работа низ дома, како што се чистење со правосмукалка и перење, но тие и понатаму се одговорни за функционирањето на домаќинството – на пример, да не останат без прашок за алишта, валканите алишта да се прибрани во кошницата и чистите крпи да се на видно место – вели авторот на истражувањето.

Исто така, истражувањето покажа дека мајката е првата личност одговорна за проблемите на децата.

– Може да биде застрашувачко тоа што сами донесувате одлуки, што би можело да ги влоши, а не да ги подобри работите во врска со среќата на децата – пишува во истражувањето.

Токму оваа невидлива работа, чија цел е благосостојбата на децата, е директно поврзана со стресот кај мајките, а со тоа доаѓа незадоволството во бракот и генерално во животот, се заклучува во истражувањето.



912

X