Во одреден момент, во патувањето на секоја мајка доаѓа период кога таа сфаќа едно нешто: ова е моето последно бебе. Можеби тоа било познато подолго време, а можеби било и будење во тој момент што произлегло по уште една непроспиена ноќ. Како и да е, се работи за горчливо-слатко сфаќање.

Времето лета

Пораснав 4 бебиња, моето најголемо дете полни 10 години годинава, а најмалечкото полни 3 години. И премногу очигледно е за мене колку брзо поминува времето. Се разбира, деновите се долги, некои се толку долги што изгледа дека минутите се влечат, но кога ги гледам моите деца како секој ден постигнуваат и прават нешто ново, слаткоста од сето она што веќе е последно ме разнежнува. Од пред неколку месеци нема веќе попладневни дремки. Многу брзо завршува доењето, а потоа нема веќе да доаѓаат во твојот кревет во спалната и нема да има седишта во автомобилот за мали деца. Мојот сопруг и јас ќе ја имаме собата само за нас двајца, првпат во последните 7 години. Ќе можеме да зборуваме без да нè прекинуваат и со запалено светло.

„Последните“ нешта со кои веќе се збогував

Нема повеќе излегување на нови запчиња, нема будење во текот во ноќта, па можам да кажам дека премногу ја ценам благосостојбата што произлегува од непрекинатото спиење и фактот дека тоа ќе продолжи и понатаму. Веќе им реков збогум на парчињата бебешка облека и со голема радост ѝ ги предадов на мојата золва. Им реков збогум и на бебешките играчки, како и на високите столчиња за хранење и малечките чевлички. Никогаш повеќе нема да можам да го вдишам мирисот на мое бебе. Нема да ја искусам чистата радост што произлегува од раѓањето на новото бебе. Нема да носам со себе малечко бебе кое целосно е зависно од мене и да го чувствувам неговиот здив на мојата кожа.

Возбуденост за она што следува

Како што ги чувам тие спомени на мој сопствен начин – јас сум всушност возбудена за следната фаза од животот. Делот каде што моите деца се здобиваат со поголема независност и нивното потпирање на мене се менува. Возбудена сум што дознавам каква жена сум кога не сум само мајка на бебе и кога немам малечко дете постојано припиено за мојата нога. Возбудена сум што ќе дознаат што уште крие универзумот за мене, не само како мајка на 4 силни, одлучни ќерки, туку и како жена со сопствен идентитет и сопствено право.

Која сум јас?

Можам со сигурност да кажам дека иако ова е нова територија за мене, храбра сум. И како што се збогувам со последната бебешка фаза во моето патување како мајка, можам да кажам со сигурност дека мојот идентитет како жена е раширен, развиен и обликуван повторно преку љубовта и родителството кон моите ќерки. Бескрајно сум благодарна за привилегијата што сум мајка на 4 деца, а и знам дека жената која сум сега има бескрајна благодарност за слатко-горчливиот благослов кој се однесува на последното бебе – мојата ќерка, како и авантурата што ја поминавме заедно.

Автор: Џесика Офер

Извор



912

X