Воспитување

Помогнете му на детето негативните чувства да ги претвори во сила преку 3 чекори

Повеќето од нас имаат чудна навика непријатните чувства да ги гледаат како проблем. Но, непријатните чувства се нормални. Треба да се научиме себеси, но и нашето дете, да ги препознаваме, прифаќаме, разбираме, да сочувствуваме со нив, да бидеме нежни и искрени кон себе и трпеливо да ги трансформираме во внатрешна сила.

Родителите имаат навика да ги „бранат“ своите деца од непријатни чувства: страв, тага, срам, гнев… На тој начин несвесно ја пренесуваат пораката дека не сакаат збунето, срамежливо и луто дете и дека да се биде во таа состојба, не е убаво и прифатливо. Децата ја толкуваат таа порака како нешто да не е во ред со нив, дека не заслужуваат љубов, лесно ја губат довербата, поддршката и самопочитта.

На овој начин, емоционалниот спектар неприродно се стеснува на пожелни, прифатливи, позитивни и пријатни чувства. За да дојде до љубов, мир, радост, ентузијазам, до „цвет и лето“, треба да му се дозволи на детето да ги знае тековите и меѓусебните средби на спротивставените чувства. Со прифаќање на секој облик на „јас“, почитувајќи ги природата и динамиката на непријатните чувства, ќе го научиме детето да го освојува и брани своето право на љубов, време, грешки и потреби.

Детето може да го трансформира чувството на беспомошност и осаменост во своја поддршка и извор на сила. На тој начин тоа ја создава најдобрата верзија од себеси и најдобрите односи во животните средби со себе и со своите блиски.

Како да научиме дете да ги претвори непријатните чувства во сила?

Со зборовите: „Не лути се! Престани да плачеш! Зошто се плашиш?“, му испраќаме порака на детето да ги негира својот гнев, лутина, страв и го учиме да го негира својот вистински извор на сила, кој вели: Заслужувам највисоко ниво на љубов, заслужувам успех!

Желбата на детето за нешто доаѓа од чувството дека го заслужува тоа. Детето чувствува дека заслужува да му се остварат соништата. Детето го чувствува тоа затоа што се сака себеси. Има силно чувство за самопочит! Тоа е изворот на неговата лична сила! Затоа, наместо да реагирате на стариот начин, со викање, карање, казнување, подобро е да ги преземете следните чекори:

Прв чекор

Дозволете му на детето да ги изрази своите чувства! Непријатноста нека излезе на виделина кога ќе згреши, ќе се разочара, ќе се исплаши, сака да остави добар впечаток, сака нежност, внимание…

Нека си се обрати без да зборува за себе!

Наместо да се каже: „Јас сум слаб, кукавица! Уморен сум!“, подобро е да научи да си вели: „Има дел од мене кој се плаши, кој е изморен…“

Вториот чекор се следните пораки:

„Сакам да се потпрам на себе!“

„Имам право да се чувствувам исплашено, уморно, слабо!“

„Сакам да го почитувам моето време и времето на другите луѓе!“

„Животот е неформално училиште, ова се лекциите што сите ги учиме!“

„Се плашам, но јас не сум тој страв!“

Трет чекор

Бидете на ниво на срцето, изразете си го највисокото ниво на љубов кон себе!

„Те сакам кога блескаш!“

„Знам дека можеш!“

„Навистина заслужуваш љубов и успех!“

„Има толку многу скриена моќ во тебе!“

Создајте конструктивни односи со децата и бидете горди на себе! Додека не постигнете големи цели, практикувајте мали чекори. Новите сознанија за родителството се љубов на дело!

Автор: проф. Јелена Ракиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top