Алкохолизмот не го уништува само животот на оној што е зависен од него, туку и животот на членовите на неговото семејство. Злоупотреба, агресивно однесување, вербални навреди и физичко насилство и тортура трпат дури и децата, на кои им останува лузна за цел живот поради нездравите односи во семејството.

Токму за тоа зборува во писмената работа еден осмоодделенец од Босна и Херцеговина, кој опишал како изгледа еден негов ден со татко кој има проблеми со алкохолот.

Бакир Селимовиќ, ученик од осмо одделение од Првото основно училиште во Живковци, Босна и Херцеговина, напишал писмена работа што предизвика доста емоции кај сите што ја прочитаа.

Писмената работа со наслов „Алкохолизмот во окото на детето“ зборува за животот со татко алкохоличар кој поради зависноста, не се грижи за детето, поради што тоа потонува во апатија и безнадежност.

Зборовите на момчето апелираат до сите оние што поради зависноста ги уништуваат своите семејства, па дури и до нас како општество, да не ја вртиме главата од вакви проблеми.

Алкохолизам во окото на детето

Дождот што истура и тропа по ќерамидите на мојата трошна куќа ме разбуди. Ги отворам очите и гледам темнина. Часовникот отчукува полноќ. – Ситни саати – си помислувам. Гранките удираат во мојот прозорец. Гордата месечина се издигнува над облаците. Гледам во неа и ништо. Се враќам в кревет.

Но тогаш ме обзема чувство на страв како никогаш порано. Ништо во мојата душа. Празна е како шишето вино на мојот пијан татко. Никогаш не обрнува внимание на мене, што и не ме навредува. Јас сум само уште една капка на ќерамидите при дожд. Одам надолу и смирено го чекам мојот пад во олуците на безнадежноста.

Се будам со таа мисла. Ги спакував искинатите книги и тргнав на училиште. На училиште бездушни лица и бездушни места. Ги гледам тие суштества што другите ги нарекуваат другари, во мене не будат ништо. Го отворам прозорецот. – Колку високо – си помислувам.

Се враќам дома и ја гледам таа голема пијаница. Со своите дебели прсти го кине месото и го јаде. Не мисли на мене, а богами ни јас на него. Наоѓам неколку трошки и така. Влегувам во својата соба, некогашна дневна. Повторно дожд. – Убаво е да се биде капка – реков тивко.

И како за инает, тогаш дождот запира.

Извор



912

X