Во семејството Вокер, пред пандемијата, петоците беа денови кога јас, таткото, ги земав децата еден час порано од градинка. Го чекав Харисон (тогаш имаше 2 години) за да го наместам во автоседиштето, додека тој инсистираше дека не сака помош. Шарлот (3,5 години) чека во нејзиното седиште, раскажувајќи ми за нејзиниот ден и крајот на неделата. На пат кон дома некој прашува што има за вечера, а вообичаениот одговор беше „пица!!“, и извиците од радост еруптираа. Изборот на таткото секогаш е одобрен.

Во саботите тато прави палачинки – Шарлот бара палачинки во облик на Мики Маус, додека мама гледа цртани со шолја кафе в рака. Викендите беа време кога бевме зафатени. Секогаш имаше некоја роденденска прослава на која требаше да се оди, некогаш и две, или во музеј, а сите тие активности беа проследени и со попладневна дремка. Потоа одевме во домот на пријателите или, пак, кај нас доаѓаа пријатели на вечера. Неделите значеа  купување крофни во град, јадење појадок некаде, испраќање на децата во неделно училиште, а потоа – време за попладневна дремка.

Без да размислувам за тоа, нашите викенди беа целосно испланирани, а периодот од понеделник до петок беше уште позафатен бидејќи јас и мојата сопруга работиме. Едноставно немаше време да бидам навистина лош татко. Сега, во ера на пандемија, времето е единственото нешто што го имаме во изобилство, а јас бев ужасен.

Јас и сопругата сме постојано на видеоконференции, пред своите лаптопи или, пак, „скроламе“ на нашите телефони, па расправиите еруптираат и потоа ќе им се извикаме на децата. Ниту едно од нив не го сфаќа целокупново лудило што се случува, факт кој прави да се чувствуваме очајни.

Како и многу семејства низ светот, седиме дома уште од март. Кон крајот на април почнав да станувам подобар татко. Имав време помеѓу работните задачи пред да започнам да работам во нова компанија во јули, а претходно си ветив себеси дека ќе бидам тука за семејството. Се обидов да ги поделам деновите по активности. Возење вагончиња надвор доколку дозволува времето, читање нови книги, фудбал во гаражата, учење азбука, бројки, животни, а меѓу сето тоа и понекој цртан, па деновите почнаа значително да се подобруваат.

Некои денови бев премногу изморен и едноставно лут на светот, па потклекнував. Тие денови сакав да „скролам“ на „Твитер“, но наместо тоа, му викав на мојот син кој се качуваше по полиците за книги.

Потребна беше глобална пандемија за да ме научи дека бескрајното лежење на каучот додека зјапам во телефонот, а моите деца играат некаде одзади едноставно не функционира со денови. Моите деца бараа и посакуваа константно внимание. Па додека смешните работи на интернет се добредојдено оттргнување на вниманието сега, јас наместо тоа се обидувам да ги слушам децата додека ми зборуваат, се обидувам да бидам подобар, се обидувам да го најдам вистинскиот баланс помеѓу она што ми треба за полнење на батериите како татко и она што на моите деца, сопруга и на целото семејство му треба.

Тешко е, но се исплатува. Изминатите две недели Харисон бараше да ја читаме истата книга секоја вечер со наслов „Само јас и мојот татко“. До неодамна не согледував дека тој можеби едноставно бара да поминуваме повеќе време заедно. Можеби ми кажуваше – Ова е момчето кое сакам да бидам, ова е таткото кој сакам да бидеш. Или можеби мисли дека утре ќе стигнеме до тоа заедно. Ако сум доволно мудар, ќе го слушам. Ако бројам до 10 утре, можеби ќе ги запомнам денешните лекции, па ќе бидам само на чекор од посакуваната цел.

Претходно не бев благодарен за тоа, но сега имам време повторно да се обидам.

Автор: Канер Вокер

Извор



912

X