Американски професори од Универзитетот во државата Аризона и државата Оклахома откриле дека родителите се под најголем стрес и се чувствуваат најнесреќни во периодот кога децата се на возраст помеѓу детството и тинејџерските години. Тука обично се подразбираат 11-тата и 12-тата година. Мајките на децата на таа возраст најчесто страдаат од депресија, многу повеќе отколку кога нивните деца се тинејџери.

– Многу мајки не се свесни дека големото и најболното одвојување на детето од родителите не се случува кога тоа ќе го напушти домот, туку кога психолошки се оддалечува од нив. Тоа е психолошка метаморфоза и за мајката и за детето. Не само што некои деца доживуваат големи хормонални промени во тоа време, туку веќе се однесуваат поотуѓено, па дури и одбивно кон нивните мајки – истакналa Сунија Лутар, автор на истражувањето.

Кај жените, околу 42-рата година, нивото на хормоните естроген и прогестерон почнува да опаѓа, што може да ги натера жените да се чувствуваат помалку грижливи и да бидат повознемирени во односите кон децата и партнерот. Но, задоволството обично се зголемува кога децата ги напуштаат тинејџерските години и следува помирен период за сите.

Автор: Ема Јуриќ

Извор



912

X