Воспитување

Ова се секојдневните „маки“ на родителите

Заспивање на децата, купување храна и подготовка на оброците се само дел од работите што секојдневно им причинуваат стрес на родителите

Студија во која учествувале 2.000 родители покажала дека постојат некои секојдневни обврски што на родителите им претставуваат стрес – бањањето на децата, помагањето со домашните задачи, секојдневната борба да се намали времето поминато пред екранот…

Родителите се најмалку шестпати на ден изложени на стрес

Некои мајки и татковци се загрижени дали од работа ќе се вратат навреме за на своите малечки да им посакаат добра ноќ, се грижат дали здраво се хранат нивните деца, дали нема да задоцнат кога одат некаде со децата.
Ова истражување покажало дека родителите се најмалку шестпати на ден изложени на стрес и дека децата најмногу барања имаат на петгодишна возраст.
Истражувањето е спроведено од страна на апликацијата Bpme, а нејзиниот извршен менаџер Даниел Слетер вели дека студијата покажала дека родителите секојдневно се соочуваат со стрес.

– Кога треба да се грижите за децата, некои од најлесните обврски ви стануваат тешки: на пр., ставање гориво во автомобилот, тоа трае двојно подолго бидејќи треба да преговарате за нешто со вашите деца или да ги извадите од автомобилот кога треба да платите.
Инаку, три четвртини од родителите велат дека откако имаат деца, и за наједноставните обврски им треба многу повеќе време.
Самото излегување од куќата, каде и да одите, е подолго за околу 12 минути кога имате деца, во продавница поминувате 14 минути повеќе, а наутро се потребни 11 минути повеќе за да се облечат.
Кога појадувате со децата, тој оброк трае барем 12 минути подолго од вообичаено, а одењето до блиската продавница е продолжено за 11 минути.

Целиот стрес околу растењето на детето вреди за неговата љубов

Родителите признаваат дека во просек 40 минути во текот на денот се чувствуваат анксиозни, па како последица на тоа, понекогаш се бесни на своите деца и најмалку осумпати месечно помислуваат дека им е потребна пауза и малку време за себе.
Ова истражување покажа дека кога родителите не ги гледаат децата и им се свртени со грб, најчести бељи што ги прават се скришно јадење некоја слатка, шминкање со шминките на мама, понекогаш и цртање на ѕидовите, на теписоните, па дури и цртање на кучето.
Студијата покажала дека најмногу стрес родителите доживуваат кога се дома со своите деца, но и во продавниците и во рестораните.
Факт е дека не е лесно да се израсне едно дете, но целиот тој стрес е вреден за неговата љубов и искрената детска прегратка.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top