Воспитување

Одбивам да воспитувам учтиво дете

Кога мојата ќерка беше многу малечка, еден наставник ја нарече темпераментна. „Може да биде премногу темпераментна. Нешто на кое треба да се внимава“. Љубезно одговорив: „Да, ќе внимавам“. Се насмевнав додека излегував од собата и си помислив: „Ќе внимавам на тоа. Ќе му посакам добредојде и ќе го развивам“. Бидејќи  одамна решив дека нема да воспитам учтива ќерка.

Јас сум задоволувач на луѓе. Мојата ќерка не е. Кога јас сум целосно измерена, мојата ќерка е неограничена. Кога јас сум дипломат, мојата ќерка е искрена.

Со години учев како да се заземам за себе, да ја кажувам вистината и да не се извинувам за она што сум. Се агонизирав околу тоа дали сум ја кажала вистинската работа или сум зборувала премногу и сум открила премногу. Го поминав подобриот дел од мојот возрасен живот одучувајќи ги условените однесувања – смеење, да се биде сладок, да се согласуваш – присилена од култура која ги учи жените дека нашата вредност е дефинирана од начинот на кој другите нè гледаат.

Не го сакам тоа за неа.

Мојата ќерка го кажува своето мислење. Мојата ќерка е гласна. Мојата ќерка не ги цензурира своите мисли. Мојата ќерка прави да им биде непријатно на другите со нејзините повремени бурни емоции. Мојата ќерка е совршена. И колку и да мисли нашата култура дека треба, јас одбивам да се обидувам да ја менувам. Дали треба да почитува? Да. Да биде љубезна? Да. Да биде учтива? Не сум сигурна. Бидејќи идејата за учтивоста оди подалеку од „Ве молам“ и „Извинете“. За девојчињата и жените, учтивоста исто така вклучува уверување дека правиме да им биде пријатно на другите луѓе. Тоа го правиме преку смеење кога сме лути, преку пријателски однос кога сме вознемирени, преку ставање на другите на прво место кога нашите потреби веќе го достигнуваат врвот, преку тивко зборување кога нашиот внатрешен глас беснее, преку играње на мала врата, кога нашите идеи се големи и уште стотици други начини кои нашето општество одлучило дека треба да ги применува добрата девојка.

Јас нема да воспитам добро мало девојче. Ќе воспитам личност. Поет. Воин. Научник. Танчар. Лице кое носи промени. Кое бара правда. Гласна, вешта, директна девојка. Нема да ја научам ќерка ми дека треба да ја намалува својата вредност за да им биде попријатно на луѓето околу неа, дека потребите на другите се поважни од нејзините. Комфорот на другите лица не е нејзина одговорност. Кога ми возвраќа во разговор, нема да ѝ речам да сопре, ќе ја научам како да ги истакнува аргументите. Кога ќе се извини што ѝ требало нешто, ќе ѝ речам да го каже тоа повторно – овој пат погласно и без извинување.

И кога некој друг ќе ми каже дека е темпераментна и дрска, ќе речам: „Ви благодарам, навистина се обидуваме“. Па, до мојата гласна, огнена, директна девојка, знам дека светот сака да се однесуваш на одреден начин. Ќе пораснеш соочувајќи се со пораки, каде и да се свртиш, кои ќе се обидуваат да ти кажат како да се однесуваш, јадеш, облекуваш и каква да бидеш.

Тоа е страшно – да се постои во свет кој ти кажува дека е погрешно да си таков каков што си. Но, знаеш што е уште пострашно? Ти, моја драга ќерко. Ти со целиот твој оган и енергија си најстрашното нешто што тие го виделе – бидејќи ти, и милиони други девојки како тебе, ќе го промениш светот.

А јас сум толку многу горда на тебе.

Автор: Дајана Спалдинг

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top