Познато е дека во текот на бременоста многу жени копнеат по одредена храна, што има смисла доколку храната што ја посакуваат е богата со хранливи материи. Но, не постојат правила кога се во прашање трудниците. Генерално, им се допаѓаат вкусот и текстурата на храната, а не содржината на хранливи материи.

Кои се желбите на трудниците?

Почнувајќи од 12-тата недела од бременоста, многу жени копнеат по одредена храна, дури и онаа во која никогаш не уживале. Поривот за јадење одредена храна може да биде благ или многу силен, до тој степен што станува тешко да се размислува за нешто друго. Желбата на трудницата може да се заснова на вкус, текстура, мирис, па дури и изглед. Комбинациите на вкусови по кои трудниците копнеат можат да бидат различни – слатко со кисело, солено со слатко, кисело со луто, горко со слатко…

Таквата желба може да се појави во секое време од денот или ноќта и не е ограничена само на оброците

Поривот да се јаде нешто многу специфично може да дојде без предупредување или од која било причина. Чипс со топено сирење, начос со сладолед и путер од кикиритки со нешто слатко, се само неколку примери за такви желби, а за кисели краставички не треба ни да трошите зборови. Експертите не се согласуваат околу тоа што ја предизвикува желбата на трудница за одредена храна. Но, како и со многу други симптоми во бременоста, веројатно се виновни хормоните.

Како што желбата за храна може да биде многу силна, така може да биде силна и одбивноста кон храна

За време на бременоста сетилото за мирис е генерално поинтензивно. Ова е една од причините зошто одредена храна може да предизвика аверзија и чувство на гадење. За време на бременоста многу жени не можат да толерираат храна која порано ја обожавале. По раѓањето на бебето генерално се враќаат во нормала.

Најчестите желби за време на бременоста:

– млечни производи како млеко, јогурт, сирење, сладолед и замрзнати десерти
– зачинети чипсови и скробни јаглехидрати, вклучувајќи тост и сендвичи
– свежо овошје и зеленчук – често овошје со покисел вкус, како портокали и мандарини
– тајландска, кинеска и индиска храна
– лижавчиња и чоколадо
– коцки мраз и студена вода.

Извор



912

X