Велигден не е целосен без чоколадни јајца. Но, според експертите, децата јадат многу повеќе шеќер од препорачаната количина, а Велигден не треба да биде изговор за претерување.

Нутриционистот Полин Кокс предупредила дека прекумерното консумирање шеќер може да доведе до многу проблеми за децата и возрасните, па затоа родителите треба да бидат внимателни за Велигден.

„Премногу шеќер во исхраната на нашите деца не само што го зголемува ризикот од сериозни хронични здравствени проблеми, како што е дијабетес тип 2, туку и од проблеми во однесувањето и расипување на забите“, изјавила таа.

Нејзината колешка Рејчел Кетлвел, експерт за исхрана на децата, наведува дека храната не треба да се означува како лоша, туку да се најде рамнотежа.

„Бројот на дебели деца расте. Велигден е фантастична можност да ги научиме децата за тоа што има во храната што ја јадат, од каде доаѓа и за влијанието на различниот избор на храна врз нивните тела“, истакнала Кетлвел.

Колку чоколади треба да им се дозволи на децата да јадат?

Според Кокс, храната класифицирана како богата со шеќер содржи над 22,5 грама шеќер на 100 грама, додека храната со малку шеќер има помалку од 5 грама.

Според упатствата на Националната и здравствена служба на Велика Британија, децата на возраст од 7 до 10 години не треба да јадат повеќе од 24 грама шеќер дневно. За деца на возраст од 4 до 6 години, се препорачува дневната доза на шеќер да не надминува 19 грама, додека за деца под 4 години нема упатства, но се препорачува да избегнуваат засладени пијалаци со шеќер и храна со додаден шеќер што е можно повеќе.

Затоа, во ред е да се почестите со чоколадо, но умерено.

Извор



912

X